Академик обука: Примена на новите управни процедури (ЗОУП) во постапките од областа на градежништвото
Следејќи ги најактуелните прашања поврзани со законските новини од областа на општата управна постапка и од областа на градежништвото, Академик овој месец ќе одржи обука на тема „Примена на новите управни процедури (Законот за општата управна постапка) во постапките од областа на градежништвото“.
На обуката, која е во организација на Академик и која ќе се одржи на 30 јануари, со почеток во 10:00 часот, во најсовремениот едукативен Центар за практични обуки во просториите на Академик, ќе се даде практичен осврт на Законот за општата управна постапка, со посебен фокус на основните начела и на општите одредби содржани во ЗОУП во корелација со постапките од областа на градежништвото.
Во таа насока, ќе се елаборираат прашањата кои се однесуваат на основните карактеристики и спецификите на решенијата содржани во новиот ЗОУП, за што ќе бидат презентирани и практични примери.
Ќе се говори и за ефективно и ефикасно водење на постапките од областа на градежништвото, со посебен акцент на поведувањето на постапката, главните рокови и насоките за изведување докази.
На обуката, исто така, ќе бидат споделени и практични совети за успешна комуникација со странките и заинтересираните лица. Воедно, ќе биде елаборирано и прашањето за издавањето на одобрение за градење и неговата конечност, правосилност и извршност.
За тематиката поврзана со примена на новите управни процедури во постапките од областа на градежништвото, значајно прашање е водењето на управната постапка пред првостепениот орган. Од тој аспект, на обуката ќе се говори за управните дејствија, за жалбата, за извршувањето и за особени случаи на поништување, укинување и менување на решение.
На обуката учесниците ќе имаат можност за размена на мислења, за поставување прашања и за дискусија со предавачот во врска со сите прашања кои предизвикуваат дилеми низ практичното работење. Предавач на обуката ќе биде Југослав Ѓеорѓиевски, државен советник во Министерството за информатичко општество и администрација.
За сите детали во врска со обуката, можете да ни се обратите на е-пошта: practicum@akademik.com.mk, како и на телефонските броеви 02/3221-091 и 02/3232-821.
Во прилог погледнете ја агендата за обуката: