/ Прочитано:

756

АКАДЕМИК ОНЛАЈН ОБУКА: „Заштита на интелектуалната сопственост во ИТ секторот“

Академик, на 14.03.2024 година (четврток), од 10:00 до 13:00 часот, ќе одржи онлајн обука на тема: „Заштита на интелектуалната сопственост во ИТ секторот“.

 

  • Чии се авторските права врз софтверот и софтверските програми што ги развиваме?
  • Кога немаме авторски права?
  • На што треба да внимаваме при склучувањето договори со клиенти?
  • Како да ги заштитиме правата од интелектуална сопственост?
  • Како да спречиме злоупотреби и производството на нелегален софтвер?
  • Кого да известиме за повредата на правата?
  • Што да преземеме за спречување на нелегалното произведување, продажба и користење на софтвер и софтверски програми?

Целта на оваа онлајн обука во организација на Академик е да ви понуди одговори на овие и слични прашања поврзани со интелектуалната сопственост во специфична област, како што е ИТ индустријата. Таа е наменета за сите компании и професионалци во ИТ секторот, кои се соочуваат со предизвици при спроведувањето и заштитата на правата од интелектуална сопственост, а особено авторските права над софтверот и компјутерските програми.

Проблемот на пиратерија на софтверските програми и нелегалната употреба на софтверот постојано е актуелен. Меѓутоа, не помалку значаен е и аспектот на договорното отстапување на користење на правата од интелектуална сопственост, особено авторските права над создадените компјутерски програми, апликации, софтверски решенија. Вештачката интелигенција е следното ниво кое внимателно треба да се набљудува. Сето ова е значајно особено ако се земе во вид фактот дека „нематеријалниот имот“, каде влегуваат правата од интелектуална сопственост, придонесува за додавање на вредност во компаниите и за зголемување на нивниот потенцијал.

 

Предавач на оваа обука ќе биде д-р Валентин Пепељугоски – адвокат/партнер во Адвокатско друштво Пепељугоски и редовен професор во областа на право на интелектуална сопственост, со долгогодишно искуство во областа на спроведување на правата од интелектуална сопственост

 

Програма

  • Краток осврт на интелектуалната сопственост и приказ на тоа кои права спаѓаат под чадорот на интелектуална сопственост
  • Режим за заштита на авторските права врз софтверот и софтверските програми со анализа на одредбите од Законот за авторско право и сродни права
  • Преглед на позначајните договори кои се користат во областа на софтверската индустрија
  • Прашања и проблеми при склучување на договорите во софтверската индустрија, на што треба да се внимава при склучувањето договори со клиенти за развивање софтвер/софтверски програми
  • Заштита и спроведување на заштита на авторските права во управна, судска и кривична постапка
  • Механизми за спречување на злоупотреба на авторското право, односно нелегалното произведување, продажба и користење на софтвер и софтверски програми
  • Предизвиците на вештачката интелигенција за софтверските компании и авторите

Напомена: можни се измени во програмата, во согласност со потребите на учесниците и во зависност од дискусиите што ќе се развијат во текот на обуката.

 

Цената за учество за едно лице е 5.200 денари со вклучен ДДВ.

Плаќањето се врши врз основа на профактура, задолжително пред почетокот на обуката.

Сите заинтересирани можат да се пријават за обуката најдоцна до 13.03.2024 година (среда), преку е-пошта на practicum@akademik.com.mk, а сите дополнителни информации за обуката може да се добијат на телефоните:

  • +389 071232342 и
  • +389 071232593.

Во пријавата за учество на обуката треба да ги наведете името и презимето, информациите за субјектот кој ќе го врши плаќањето, адресата за е-пошта која ќе биде користена за да добиете покана за следење на обуката и телефонскиот број на учесникот за контакт.

Обуката ќе се спроведува преку платформата ZOOM.

Учесниците добиваат електронски материјали од обуката и е-сертификат за учество.