АКАДЕМИК ОБУКА: Сè што треба да знаете за канцелариското и архивското работење – од приемот на документацијата, па сè до нејзиното уништување
На 16 мај Академик ќе одржи еднодневна обука на тема: „Сè што треба да знаете за канцелариското и архивското работење – од приемот на документацијата, па сè до нејзиното уништување“.
Една од основните задачи на секој правен субјект е правилно водење на канцелариското и архивското работење. Правилното постапување со документарниот и со архивскиот материјал е клучен сегмент во управувањето со правниот субјект и во докажувањето на законитоста во неговото работење.
На обуката на која предвачи ќе бидат виши управни инспектори од Државниот управен инспекторат, поединечно ќе биде обработена секоја алка во системот на канцелариското и архивското работење и тоа:
Законските и подзаконските акти што ги регулираат канцелариското и архивското работење;
Процедурите за следење на патот на документите и предметите – од прием, па сè до разведување;
Водење деловодник и помошни евиденции и административно-техничка обработка на документите, со практични примери и вежби;
Евиденција и пополнување на печати и штембили;
Класифицирање на документите по архивски знаци;
Заштита на документацијата од оштетување и уништување;
Попис и опис на архивскиот материјал;
Одбирање на архивскиот од документарниот материјал и предавање на материјалот до надлежниот архив;
Постапка за уништување на документарниот материјал.
Агенда:
Правна рамка за канцелариско и архивско работење
- Законски и подзаконски акти со кои се уредуваат канцелариското и архивското работење;
- Правила и процедури за следење на движењето на актите (од влез и прием на актот, па сè до негово експедирање);
- Права и обврски на имателите на јавен и на приватен архивски и документарен материјал.
Водење деловодник и книги за евиденција, со посебен осврт на е-архива и е-деловодник
- Правила и техники за заведување на документите и за водење на деловодникот и други книги за евиденција;
- Почеток на водење и заклучување на деловодникот;
- Разведување на документи/записи во деловодникот;
- Водење на е-деловодник и негова усогласеност со рачното водење на деловодникот;
- Движење на документите, водење книги за евиденција и распоредување на документите во работа по вработен;
- Евиденција и употреба на печати и штембили;
- Овластувања за водење деловодник и е-деловодник, прием на пошта и користење на печати и штембили;
- Специфични ситуации и проблеми од практиката што се јавуваат при водењето на деловодник кај големи правни лица и кај институции со широка организациска структура;
- Најчесто поставувани прашања поврзани со електронското водење на архивата (е-архива и е-деловодник).
Постапување со архивски и документарен материјал
- План на архивски знаци, листа на архивски материјал и листа на документарен материјал, со рокови за негово чување;
- Одбирање на архивскиот од документарниот материјал;
- Евидентирање (попис и опис) на архивскиот материјал;
- Категоризација на архивскиот материјал;
- Попишување на документарниот материјал на кој му изминал рокот за чување;
- Постапка за уништување на документарен материјал со изминат рок за чување;
- Простор, опрема и услови за чување и заштита на архивскиот и на документарниот материјал;
- Предавање на јавниот архивски материјал на трајно чување во Државниот архив
- Практични примери и вежби.
Време и место на одржување на обуката: 16.5.2019 година, 10:00 – 16:00 часот, Центар за обуки Академик, бул. „ВМРО“ бр. 1, Скопје.
На обуката учесниците добиваат сертификат за учество, бесплатни материјали, кафе, вода и премиум закуска за време на паузите.
Цената за учество на обуката за едно лице е 4.200,00 денари + ДДВ, а корисниците на www.akademika.com.mk имаат 10% попуст.
Сите заинтересирани можат да се пријавуваат за обуката преку е-пошта на електронската адреса practicum@akademik.com.mk, а сите дополнителни информации може да се добијат на телефоните +389 02 3221 091 и +389 02 3237 465.