АКАДЕМИК ОБУКА: „Уредување на градежно земјиште, постапка за легализација, запишување права врз инфраструктурни објекти“
На 26.04.2018 година, Академик организира еднодневна обука на тема „Уредување на градежно земјиште, постапка за легализација, запишување права врз инфраструктурни објекти“.
Предавач на обуката ќе биде Борис Тунџев, директор на Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија, како и државни советници од Агенцијата. Обуката ќе се одржи во новоотворениот Центар за обуки Академик, кој се наоѓа во Скопје, во централното градско подрачје, на ул. „ВМРО“ бр. 1.
Уредувањето на градежното земјиште, постапката за легализација, запишувањето права врз инфраструктурни објекти и градењето стабилни инфраструктурни проекти се теми од кои секогаш произлегуваат бројни прашања и дилеми и за кои неминовно се отвора дискусија.
Во насока за надминување на проблемите со кои се соочуваат и физичките и правните лица од сите сфери, Академик организира специјализирана обука на која ќе имате ексклузивна можност да ја откриете линијата на којашто се сретнуваат егзактноста на геодезијата и теоријата на правото.
Агенда на обуката:
УРЕДУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ, КАТАСТАР, ИСКУСТВА ОД СИСТЕМОТ ЗА ПОДЗЕМЕН КАТАСТАР
- Воспоставување на катастар на инфраструктурни објекти;
- Први искуства од воспоставениот систем за подземен катастар и практични примери, влијание врз имотните права или субјектите при градење;
- Карактеристики на инфраструктурните објекти, премер;
- Графички регистар за градежно земјиште.
ЗАПИШУВАЊЕ ПРАВА ВРЗ ИНФРАСТРУКТУРНИ ОБЈЕКТИ
- Предбележување и запишување на објекти на инфраструктурата во јавните книги;
- Легализација на инфраструктура;
- Запишување на права и ограничувања врз инфраструктурни објекти;
- Геодетски елаборати и решенија за запишување;
- Хипотеки на инфраструктурни објекти.
ЗАПИШУВАЊЕ ПРАВО НА ДРЖАВНА СОПСТВЕНОСТ И ДОДЕЛУВАЊЕ НА КОРИСНИЧКО ПРАВО
- Постапка за запишување на право на државна сопственост;
- Доделување корисничко право врз објекти во државна сопственост;
- Постапка за прибележување на корисничкото право;
- Примена на Законот за користење и располагање со ствари во државна сопственост и ствари во општинска сопственост;
- Случаи во постапката за запишување на право на државна сопственост во кои учествува Државното правобранителство.
На обуките учесниците добиваат сертификат за учество, бесплатни материјали, кафе, вода и премиум закуска за време на паузите.
Цената за учество на една обука за едно лице е 4.200,00 денари + ДДВ, а корисниците на www.akademika.com.mk имаат 10% попуст. За пријавени тројца или повеќе учесници од ист правен субјект следува дополнителен попуст.
Сите заинтересирани можат да се пријавуваат за обуките преку е-пошта на електронската адреса practicum@akademik.com.mk, а сите дополнителни информации може да се добијат на телефоните +389 02 3221 091 и +389 02 3237 465.
>>>Обуки во организација на Академик за месец април