Академик одржа обука за канцелариското и архивското работење

Академик одржа еднодневна обука за канцелариското и архивското работење, на која присуствуваа претставници од Државното правобранителство. На обуката предавачи беа управни инспектори од Државниот управен инспекторат,  кои детално се осврнаа на бројни теми и дилеми што произлегуваат од практикувањето на канцелариското и архивското работење.

Во таа насока, на обуката се елаборираа: правната рамка за канцелариско и архивско работење, водењето деловодник и книги за евиденција, а се даде и посебен осврт на водењето е-архива и е-деловодник и на постапувањето со архивскиот и документарниот материјал.

Претставниците од Државното правобранителство истакнаа дека обуката била многу корисна за нив, како и дека одличниот настан имал извонредни предавања и дека бил извонредно организиран.

„Обуката беше добро организирана, и сметам дека треба да има што повеќе вакви обуки“.

„Научивме многу нови работи и ги утврдивме знаењата“.

„Научивме дополнителни работи на обуката“.

„Обуката одржана на тема канцелариско и архивско работење беше организирана на високо ниво“.

Претставниците од Државното правобранителство посочуваат и дека обуката била одлично конципирана, со добро осмислен тек и распоред на предавањата, кои, пак, се фокусирале на многу значајни практични прашања.

„На обуката се збогативме со повеќе знаење“.

„Дефинитивно сме збогатени со плус знаење во контекст на делокругот на нашата работа и нашите работни обврски“.