Академик одржа обука за канцелариското и архивското работење

Една од основните задачи на секој правен субјект е правилното водење на канцелариското и архивското работење, беше нагласено на обуката во организација на Академик, на која предавач беше Ана Михајловска – управен инспектор во Државниот управен инспекторат.

Пред големиот број учесници, на обуката детално се говореше за најзначајните прашања од областа на канцелариското и архивското работење, со посебен фокус на прописите и процедурите од оваа област.

Правилното постапување со документарниот и со архивскиот материјал, беше истакнато на обуката, е клучен сегмент во  управувањето со правниот субјект и во докажувањето на законитоста во неговото работење.

Во таа насока, на обуката беа презентирани бројни практични примери и вежби, кои предизвикаа интерактивна дискусија и размена на мислења и искуства помеѓу учесниците, кои, пак, коментираа дека обуката е мошне квалитетна, одлично организирана и проследена со корисно предавање.

„Многу сме задоволни од обуката во организација на Академик, на која се едуциравме за  сето  она што треба да го знаеме за канцелариското и архивското работење – од приемот на документацијата, па сè до нејзиното уништување, што всушност беше и наслов на обуката…“

„…предавачката Михајловска беше одлична и нејзиното предавање беше јасно и убаво образложено. Ваквиот вид обуки се мотив плус повторно да бидеме дел од овој извонреден амбиент на просторот во Академик, кој е мошне инспиративен за ваков вид на настани“, коментираат учесниците на обуката.

„Задоволен сум од обуката и пожелно е и понатаму да се одржуваат ваков вид обуки“.

„Почесто треба да има обуки од овој вид за подобра ефикасност во работењето“.

„Задоволна сум од обуката и од обучувачот. Констатирав што треба во иднина да биде коригирано во моето секојдневно работење со новите знаења стекнати од обуката“.

„Имам пофални зборови за предавачот на обуката“.

„Одлична идеја за ваков вид обука, каде што конкретно се запознавме со начинот на работа токму како што предвидел законодавецот. На обуката имаше и размена на искуства во смисла на разлики од тоа како нешто е законски предвидено, а како се спроведува во пракса“.