/ Прочитано:

843

Академик одржа обука за начините и мерките за задолжително обезбедување заштита и тајност на личните податоци

Академик одржа обука за начините и мерките за задолжително обезбедување заштита и тајност на личните податоци. Предавач на обуката беше Ангел Наковски, долгогодишен експерт од областа на заштитата на личните податоци.

Во согласност со Општата регулатива за заштита на личните податоци на Европскиот парламент и Советот на Европската Унија и врз основа на македонската регулатива од областа на заштитата на личните податоци, пропишани се стандарди и предвидени се мерки за обезбедување тајност и заштита при обработката на личните податоци, дефинирани се бројни обврски и одговорности на контролорите и на обработувачите на личните податоци, како и механизми за препознавање злоупотреби и за примена на начини за заштита на правата на субјектите на личните податоци.

Во таа насока, а во светло на општата и на домашната регулатива, предавачот на обуката, Ангел Наковски, говореше за  правната рамка за заштита на личните податоци, за обработката на личните податоци, како и за техничките и организациските мерки за обезбедување тајност и заштита на обработката на личните податоци.

Учесниците на обуката нагласуваат дека заштитата на личните податоци е тема за која е потребно континуирано обучување. Во таа смисла, додаваат дека е важно што преку ваквите обуки се усовршува начинот на преземање на техничките мерки за заштита.

„Обуката беше многу корисна. За новините за личните податоци потребни се почесто вакви обуки затоа што се важни за практичното работење. Сепак, се работи за комплексна и сензитивна материја за која е потребна континуирана едукација“, нагласуваат учесниците на обуката.

Тие нагласуваат дека од обуката понесуваат одлични впечатоци, особено од организацијата и од предавањето.

„Сѐ беше на завидно ниво. Предавачот одлично ги пренесе своите знаења. Исто така, и организацијата беше одлична“, Маријана Николовска и  Александар Арсовски од „Спорт лајф“

„Организацијата на обуката и предавачот беа одлични“, Александар Митков од  „СиТ“ Македонија.