/ Прочитано:

1.036

Академик одржа обука за новиот Закон за инспекциски надзор и правата и обврските на компаниите

Академик одржа обука на тема „Новиот Закон за инспекциски надзор и приватниот сектор – права и обврски на компаниите“, на која предавач беше Методија Димовски, член на Инспекцискиот совет. На обуката компаниите конкретно  се запознаа со нивните права и обврски при вршење инспекциски надзор. Во таа насока, учесниците на обуката стекнаа конкретни знаења за тоа на што треба да внимаваат при спроведување инспекција.

Превентивната улога на инспекцискиот надзор е една од главните новини во Законот. Имено, компаниите ќе добиваат опомена и рок да ја отстранат неправилноста констатирана со надзорот пред да им биде изречена казна. Дополнително, преку примена на начелото на пропорционалност инспекторот е должен да презема инспекциски мерки кои се неопходни за отстранување на неправилностите и кои истовремено ќе бидат и најповолни за субјектот на надзорот.

„Обуката беше одлична. Знаењата стекнати на обуката многу ќе ни користат во секојдневното работење. Се работи за законски новини кои се многу важни за приватниот сектор. Бидејќи се работи за комплексна материја, неопходни се вакви едукативни настани, кои Академик секогаш ги организира перфектно“, нагласуваат учесниците на обуката.

„Организацијата беше одлична. Предавањето беше јасно, интересно и разбирливо“ – Даниела Шимановска од ПЗУ „Еурофарм“.

„Предавачот беше добро подготвен и одлично го пренесе своето знаење. Организацијата на обуката исто така беше одлична“ – Владимир Костоски од Адвокатско друштво „Апостолска и партнери“.