Академик одржа обука за практичната примена на новиот Закон за спречување перење пари и финансирање на тероризам

Поради големиот интерес, Академик одржа уште една обука посветена на новините во Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам. Преку одличното предавање на Ивица Симоновски, финансиски разузнавач во Управата за финансиско разузнавање, учесниците на обуката се запознаа со правилната практична примена на новото законско решение.

Пред големиот број учесници, на обуката се елаборираа бројните мерки, дејствија и постапки што мора да бидат преземени од субјектите и од надлежните органи, а кои произлегуваат од новата регулатива за спречување перење пари.

Преку интерактивна дискусија предавачот одговори на сите прашања на учесниците и ги разјасни нивните дилеми во врска со примената на законските одредби, а кои се однесуваат како на субјектите од јавниот така и на субјектите од приватниот и деловен сектор.

Пофалби за успешно реализираната обука.

Предавачот беше одлично подготвен и одлично го пренесе своето знаење.

„Целта на обуката беше целосно исполнета. Обуката беше добро направена, а предавањето беше навистина одлично пренесено од предавачот“.

„Се надеваме дека во дело ќе се спроведе Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам“.

„Предавањето беше одлично и предавачот беше многу спремен“.