Академик одржа обука за утврдувањето и наплатата на даноците на имот
Академик одржа обука на тема „Утврдување и наплата на даноци на имот“. Предавачи на обуката беа Андријана Манчевска, помошник-раководител на Секторот за финансиски прашања во Град Скопје, и Снежана Митревска, помошник-раководител на Секторот за финансиски прашања во Град Скопје.
Администрирањето на даноците на имот е комплексен систем за кој постојат бројни дилеми за негово непрекинато и правилно функционирање. Во таа насока, на обуката детално беа разработени видовите даноци на имот, елементите за стекнување статус на даночен обврзник, даночните стапки и начините за одредување на нивната висина, случаите за даночни ослободувања и олеснувања, условите за присилна наплата на даноците, како и други одредби од Законот и од подзаконските акти поврзани со него.
Учесниците на обуката истакнуваат дека понесуваат одлични впечатоци од едукативниот настан. Она што е карактеристично за обуките на Академик, велат тие, е одличната организација и одличните предавања.
„Потребно е почесто да има вакви обуки, на кои ќе се дадат одговори на конкретни прашања“, Среќна Темелкова од Општина Кавадарци.
„Предавачките на обуката дадоа доволно простор за поставување прашања и за изнесување на проблемите со кои се соочуваат општините. Во таа насока, тие дадоа конкретни предлог-решенија базирани на сопственото искуство. Кога обука држат искусни предавачи, тогаш има и квалитетна обука!“, Билјана Шопова од Општина Демир Капија.
„Одлична организација“, Анита Наков од Град Скопје.
„Професионалност во организацијата“, Билјана Манакоска од Град Скопје.
„Потребно е да се вклучат повеќе експерти, со што би се споделиле практични примери, секако, со објаснување и на начините за решавање на проблемите. Оттука, сметам дека се потребни повеќе обуки од ваков карактер“, Ненад Стојановски од Општина Куманово.
„Одлична организација! Просторот за обуките, исто така, одличен. Воедно, и предавачките на обуката одлични!“, Македонка Димитрова од Комерцијална банка.
„Обуката беше одлична“, Глигорчо Недев од Општина Кавадарци и Далиборка Трпчевска од Општина Карпош.
„Предавачките беа одлични и одлично го пренесоа своето знаење“, Фатос Акифи од Општина Куманово, Ивица Петрушевски од Општина Куманово, Благоја Павловски од Општина Карпош, Нуредин Нуредини од Град Скопје и Ана Лакордова од Град Скопје.