/ Прочитано:

1.679

Академик одржа обука за заштитата на личните податоци

Поради големиот интерес, Академик одржа уште една обука за заштитата на личните податоци, на која предавач беше Ангел Наковски, долгогодишен експерт од областа на заштитата на личните податоци.

Образложувајќи ја примената на Законот за заштита на личните податоци, Наковски  во своето предавање детално се осврна на правната рамка за заштита на личните податоци, на обработката на личните податоци и на техничките  и организациските мерки за обезбедување тајност и заштита на обработката на личните податоци.

Покрај предавањето за личните податоци од аспект на домашната регулатива, на обуката стана збор и за Општата регулатива за заштита на личните податоци на Европскиот парламент и Советот на Европската Унија, што предизвика особен интерес кај учесниците.

„За личните податоци многу е важно да се говори и од аспект на европската регулатива бидејќи таа е иднината на македонското законодавство, кое веќе влезе во реформски процес во областа на заштитата на личните податоци. Оттука, значајно е што на обуката се говореше и за примената на европската регулатива бидејќи ние како практичари мора да бидеме навреме подготвени. Овој тип обуки се неминовни за правилна примена на прописите, но тие мора да бидат и квалитетни како што се обуките на Академик бидејќи, сепак, обработуваат сложени теми“, велат учесниците на обуката.

Учесниците, исто така, го нагласуваат одличното предавање на обуката. Според Арсенија Дејановска-Сарагинова од Адвокатското друштво „Интер партес“, предавачот бил одлично подготвен и одлично го пренел своето знаење.

Покрај одличното предавање, додава Марија Андоновска од „Вадем 1.83“ ДООЕЛ, обуката имаше и одлична организација со соодветен временски распоред на предавањата.

Сумарно, истакнуваат учесниците, обуката ги исполни своите цели, а Академик треба да продолжи со истата динамика на организирање корисни и квалитетни обуки.