/Прочитано:

605

АКАДЕМИК ОНЛАЈН ОБУКА: „Мотивирање на вработените во време на ковид-криза“

На 4.12.2020 година (петок), Академик ќе одржи онлајн обука на тема Мотивирање на вработените во време на ковид-криза“. Обуката ќе се одржи од 10:00 до 13:00 часот. Предавач на обуката ќе биде Дејан Маџоски – менаџер за организациски развој и развој на таленти во „Пивара Скопје“ АД.

Во време на глобална криза предизвикана од вирусот ковид-19, огромен број компании се соочуваат со низа сериозни предизвици, кои покрај финансиските проблеми и приспособувањето на начинот на работа на новонастанатата ситуација, го вклучуваат и предизвикот за зачувување на физичкото и менталното здравје на своите вработени.

Имајќи предвид дека токму вработените се главниот ресурс на секоја компанија, целта на оваа обука е да понуди совети и решенија за менаџерите како да го пронајдат најсоодветниот начин на функционирање на компанијата, кој истовремено овозможува грижа за здравјето на вработените, потоа како да постигнат добра комуникација во време на онлајн работа и најважно како да ги мотивираат вработените за успешно справување со сите предизвици од кризата.

Обуката е наменета за сите менаџери, без разлика на секторот од кој доаѓаат, како и за сите вработени кои директно или индиректно ги чувствуваат предизвиците и последиците од ковид-кризата.

Агенда

Ковид-кризата и влијанието врз вработените

  • Промените и опасностите од ковид-кризата
  • Влијанието на ковид-кризата врз глобалната и локалната околина (бизнис, начин на работа, начин на живеење)
  • Влијанието на ковид-кризата врз луѓето (физичко и психичко здравје, навики, приоритети)

Грижа за вработените

  • Заштита на работното место
  • Добросостојба и баланс помеѓу работата и приватниот живот
  • Грижа за талентите

Информирање и поврзаност на вработените

  • Информирање на вработените во време на криза
  • Клучни пораки
  • Активности за поврзување на вработените во услови на работа од далечина

Мотивација и посветеност на вработените

  • Слушање на гласот на вработените
  • Активности за градење на мотивацијата и посветеноста на вработените
  • Улогата на клучните елементи на културата: повисока цел, приоритети, мисија, вредности
  • Препознавање и прославување на позитивните примери

Организирање на работата

  • Новите услови и начини на работа
  • Обликување на култура која ќе одговара на новата околина
  • Агилност, издржливост и иновативност

Новиот тип на лидери

  • Клучни лидерски карактеристики
  • Препознавање на вистинските лидери

Цената за учество за едно лице е 1.800 денари со вклучен ДДВ.

Сите заинтересирани можат да се пријават за обуката најдоцна до 3.12.2020 година (четврток), преку е-пошта на practicum@akademik.com.mk, а сите дополнителни информации за обуката може да се добијат на телефоните:

  • +389 02 3221 091 и
  • +389 02 3122 308.

Учесниците добиваат електронски материјали од обуката и сертификат за учество, којшто ќе биде пратен по пошта.

Обуката ќе се спроведува онлајн, преку платформата ZOOM, за што е неопходно секој учесник да располага со:

  • електронски уред (компјутер, таблет итн.),
  • стабилна интернет врска,
  • микрофон и звучници (или слушалки).

Секој учесник што извршил уплата за присуство на обуката ќе добие е-пошта со линк до обуката на е-адресата што ја навел во пријавата за учество на обуката. Задолжително, при најавувањето, учесникот мора да ги внесе името и презимето со кои се пријавил за обуката.

За подетални информации за користењето на платформата Zoom, погледнете на https://akademik.mk/obuka-preku-platformata-zoom/ .