АКАДЕМИК ОНЛАЈН ОБУКА: Сè што треба да знаете за канцелариското и архивското работење
На 30 септември (средa) Академик ќе одржи обука нa тема „Сè што треба да знаете за канцелариското и архивското работење – од приемот на документацијата, па сè до нејзиното уништување“. Обуката ќе се одржи од 10:00 до 13:00 часот. Предавач на обуката ќе биде виш управен инспектор од Државниот управен инспекторат.
Една од основните задачи на секој правен субјект е правилно водење на канцелариското и архивското работење. Правилното постапување со документарниот и со архивскиот материјал е клучен сегмент во управувањето со правниот субјект и во докажувањето на законитоста во неговото работење.
Во таа насока, на обуката поединечно ќе биде обработена секоја алка во системот на канцелариското и архивското работење, и тоа:
- законските и подзаконските акти што ги регулираат канцелариското и архивското работење;
- процедурите за следење на патот на документите и предметите – од прием, па сè до разведување;
- водење деловодник и помошни евиденции и административно-техничка обработка на документите, со практични примери и вежби;
- евиденција и пополнување на печати и штембили;
- класифицирање на документите по архивски знаци;
- заштита на документацијата од оштетување и уништување;
- попис и опис на архивскиот материјал;
- одбирање на архивскиот од документарниот материјал и предавање на материјалот до надлежниот архив;
- постапка за уништување на документарниот материјал.
Агенда
Правна рамка за канцелариско и архивско работење
- Законски и подзаконски акти со кои се уредуваат канцелариското и архивското работење;
- Правила и процедури за следење на движењето на актите (од влез и прием на актот, па сè до негово експедирање);
Права и обврски на имателите на јавен и на приватен архивски и документарен материјал.
- Водење деловодник и книги за евиденција, со посебен осврт на е-архива и е-деловодник
- Правила и техники за заведување на документите и за водење на деловодникот и други книги за евиденција;
- Почеток на водење и заклучување на деловодникот;
- Разведување на документи/записи во деловодникот;
- Водење на е-деловодник и негова усогласеност со рачното водење на деловодникот;
- Движење на документите, водење книги за евиденција и распоредување на документите во работа по вработен;
- Евиденција и употреба на печати и штембили;
- Овластувања за водење деловодник и е-деловодник, прием на пошта и користење на печати и штембили;
- Специфични ситуации и проблеми од практиката што се јавуваат при водењето на деловодник кај големи правни лица и кај институции со широка организациска структура;
- Најчесто поставувани прашања поврзани со електронското водење на архивата (е-архива и е-деловодник).
Постапување со архивски и документарен материјал
- План на архивски знаци, листа на архивски материјал и листа на документарен материјал, со рокови за негово чување;
- Одбирање на архивскиот од документарниот материјал;
- Евидентирање (попис и опис) на архивскиот материјал;
- Категоризација на архивскиот материјал;
- Попишување на документарниот материјал на кој му изминал рокот за чување;
- Постапка за уништување на документарен материјал со изминат рок за чување;
- Простор, опрема и услови за чување и заштита на архивскиот и на документарниот материјал;
- Предавање на јавниот архивски материјал на трајно чување во Државниот архив.
Напомена: можни се измени во агендата во согласност со потребите на учесниците и во зависност од дискусиите што ќе се развијат за време на обуката.
Цената за учество за едно лице е 1.800 денари со вклучен ДДВ.
Сите заинтересирани можат да се пријават за обуката најдоцна до 29.09.2020 година (вторник) преку е-пошта на practicum@akademik.com.mk, а сите дополнителни информации за обуката може да се добијат на телефоните: +389 02 3221 091 и +389 02 3122 308.
Учесниците добиваат електронски материјали од обуката и сертификат за учество, којшто ќе биде пратен по пошта.
- електронски уред (компјутер, таблет итн.),
- стабилна интернет врска,
- микрофон и звучници (или слушалки)