/ Прочитано:

1.581

АКАДЕМИК онлајн обука за канцелариското и архивското работење

На 21.06.2023 година (среда), од 10:00 до 14:00 часот, Академик ќе одржи онлајн обука за канцелариското и архивското работење.

Една од основните задачи на секој правен субјект е правилно водење на канцелариското и архивското работење. Правилното постапување со документарниот и со архивскиот материјал е клучен сегмент во управувањето со правниот субјект и во докажувањето на законитоста во неговото работење.

Предавач на оваа обука ќе биде Солунка Зоксимовска која има долгогодишно работно искуство во областа на канцелариското и архивското работење во државниот и невадиниот сектор.

Агенда

ПРАВНА РЕГУЛАТИВА ЗА КАНЦЕЛАРИСКОТО И АРХИВСКОТО РАБОТЕЊЕ

  • Презентирање на законските и подзаконските акти за канцелариското и архивското работење
  • Права и обврски на имателите на јавен и на приватен архивски и документарен материјал.

КАНЦЕЛАРИСКО РАБОТЕЊЕ

  • Овластувања за канцелариско и архивско работење според прописите за канцелариско и архивско работење:
    • Овластување за прием, прегледување и распоредување документи
    • Овластување за ракување со печати и штембили
  • Штембили и печати:
    • Приемен штембил
    • Службен штембил на институцијата за испраќање документи
    • Роковен штембил
    • Тркалезен печат
  • Деловодник
  • Интерна книга
  • Книга за пошта

 АРХИВСКО РАБОТЕЊЕ

  • Донесување на план на архивски знаци и листи
  • Одбирање на архивскиот од документарниот материјал
  • Евиденции (опис и попис на архивски материјал)
  • Сумарен попис на документарен материјал со изминат рок на чување предложен за уништување
  • Обезбедување соодветни услови за чување и заштита на архивскиот и документарниот материјал
  • Предавање на архивскиот материјал

ЕЛЕКТРОНСКО КАНЦЕЛАРИСКО И АРХИВСКО РАБОТЕЊЕ

  • Управување со електронски документи
  • Чување и заштита на електронските документи (електронска архива)

ПРАКТИЧНА ВЕЖБА

ПРАШАЊА И ДИСКУСИЈА

 

Напомена: можни се измени во агендата, во согласност со потребите на учесниците и во зависност од дискусиите што ќе се развијат во текот на обуката.

Цената за учество за едно лице е 4.700 денари со вклучен ДДВ.

Плаќањето се врши врз основа на профактура, задолжително пред почетокот на обуката.

Сите заинтересирани можат да се пријават за обуката најдоцна до 20.06.2023 година (вторник), преку е-пошта на practicum@akademik.com.mk, а сите дополнителни информации за обуката може да се добијат на телефоните:

+389 071/23 23 42 и
+389 071/23 25 93.

Во пријавата за учество на обуката треба да ги наведете името и презимето, информациите за субјектот кој ќе го врши плаќањето, адресата за е-пошта која ќе биде користена за да добиете покана за следење на обуката и телефонскиот број на учесникот за контакт.

Учесниците добиваат електронски материјали од обуката и е-сертификат за учество