/ Прочитано:

3.095

Академик организира нова еднодневна обука за јавни набавки, со посебен осврт на Нацрт- законот за јавните набавки

Академик организира нова еднодневна обука за јавни набавки, на која поконкретно ќе се говори за доделување договори за јавни набавки, за правна заштита во постапките, за најважните новини предвидени во Нацрт-законот за јавните набавки. Предавач на обуката ќе биде м-р Маја Малахова, претседател на Државната комисија за жалби по јавни набавки.

Објективна, брза и ефективна правна заштита во постапките за доделување договор за јавна набавка е предмет од особен интерес на економските оператори, а водењето на постапката на правилен и законит начин е обврска на договорните органи.

Доделувањето на договорите за јавни набавки преку соодветната постапка, со посебно внимание на примената на специфичностите на постапката, како и можноста и изборот на соодветно средство за правна заштита, е комплексна задача од сериозна одговорност и важност.

Со цел да понуди врвно експертско знаење и поддршка, Академик на ден 29.3.2018 година организира еднодневна обука преку која учесниците детално ќе се запознаат со клучните сегменти на постапките за доделување на договори за јавни набавки, столбовите на правната заштита  и со најважните новини што ги предвидува новиот Нацрт-закон за јавните набавки. На обуката, поконкретно ќе се говори за:

ПОСТАПКИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ ДОГОВОРИ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ

  • видови постапки за доделување договори за јавни набавки;
  • заеднички одредби;
  • карактеристики, специфики и услови за примена на секоја од постапките;
  • улога на Комисијата за јавни набавки;
  • надлежности на одговорното лице за јавни набавки.

БИТНИ ПОВРЕДИ НА ЗАКОНОТ И ПРАВНА ЗАШТИТА ВО ПОСТАПКИТЕ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ

  • на што да се внимава пред отпочнувањето на постапката;
  • грешки при изработката на тендерската документација;
  • пропусти при отворање и евалуација на понудите;
  • правила за објава на огласот за јавна набавка;
  • непостапување по решенијата и насоките од Комисијата за жалби по јавни набавки;
  • битни повреди при изборот на понудата;
  • минимални рокови за потпишување на договорот;
  • право за барање правна заштита;
  • елементи на жалбата и начин и рокови за поднесување на жалбата;
  • учество на договорниот орган во постапката по жалба, негови права и обврски;
  • дејство на жалбата;
  • видови одлуки на Комисијата, насоки за постапување кон договорниот орган;
  • право на судска заштита.

НОВИНИ ПРЕДВИДЕНИ ВО НАЦРТ- ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИТЕ НАБАВКИ

  • исклучоци од примена и нови вредносни прагови за примена на Законот;
  • воведени нови видови постапки за доделување договори за јавни набавки;
  • функција на динамичен систем за набавки;
  • проширување на надлежностите на Комисијата;
  • што се предвидува како битна повреда на законот;
  • нови рокови за поднесување жалба;
  • можност за определување времени мерки;
  • кога се смета решението од Комисијата за конечно;
  • воведување на парични казни за договорните органи;
  • уредување на правото на судска заштита;
  • предвидување можност за надомест на штета.

Прашања, одговори и дискусија

На обуките учесниците добиваат сертификат за учество, бесплатни материјали, кафе, вода и премиум закуска за време на паузите.

Цената за учество на обуките за едно лице е 4.200,00 денари + ДДВ, а корисниците на www.akademika.com.mk имаат 10 % попуст.

За пријавени тројца или повеќе учесници од ист правен субјект следува дополнителен попуст. Плаќањето се врши врз основа на фактура.

Обуката ќе се одржува во новоотворениот  Центар за обуки на Академик кој се наоѓа во Скопје, во централното градско подрачје, на ул. „ВМРО“ бр.1. 

Сите заинтересирани можат да се пријавуваат за обуките преку е-пошта на електронската адреса practicum@akademik.com.mk, а сите дополнителни информации може да се добијат на телефоните +389 02 3221 091 и +389 02 3237 465.