/ Прочитано:

1.708

Академик со специјализирана обука за економските оператори за новиот Закон за јавните набавки

На 9 мај 2019 година (четврток) Академик организира обука за спроведувањето постапки за јавни набавки од страна на економските оператори според новиот Закон за јавните набавки и подзаконските акти.

На обуката  која е специјализирана за економски оператори предмет на елаборација ќе бидат  најзначајните новини во Законот; критериумот за избор на најповолна понуда и определувањето бодови за најповолна понуда.

Предавач на обуката ќе биде Кирил Каранфилов, претседател на Државната комисија за жалби по јавни набавки и долгогодишен експерт од областа на јавните набавки.

Новиот Закон за јавните набавки влезе во сила на 9 февруари 2019 година, а започна да се применува од 1 април 2019 година.  Законодавниот дом веќе донесе и 10 подзаконски акти со кои подетално се регулирани постапките за јавни набавки, како и правата и обврските на економските оператори и на договорните органи.

На обуката преку практични примери детално ќе бидат разработени елементите на системот за јавни набавки и ќе бидат понудени одговори на многу прашања со кои се засегнати економските оператори, и тоа:

  • клучни измени во поглед на критериумите за доделување договори за јавни набавки;
  • посебен систем за е-пазар за набавки од мала вредност;
  • нови постапки за јавни набавки;
  • користење на Електронскиот систем за јавни набавки во согласност со новиот Правилник за начинот на користење на ЕСЈН;
  • определување бодови за најповолна понуда;
  • пресметка на трошоци на животен век;
  • значење и определување на пристапот на исплатливост;
  • односот помеѓу цената и квалитетот;
  • понуда во форма на електронски каталог и
  • многу други досега неприменети правни институти, со кои започнува целосната реформа во системот на јавните набавки.

Агенда:

Клучни новини предвидени во Законот за јавните набавки и во донесените подзаконски акти

  • Новини кај исклучоците од примена на Законот;
  • Утврдување способност;
  • Критериуми за избор на најповолна понуда;
  • Извршување на договорот;
  • Воведување електронски каталог – содржина, значење и начин на користење и учество;
  • Воведување услуга „Единствен документ за јавни набавки“.

Спроведување постапки за доделување договори за јавни набавки во согласност со Законот и подзаконските акти

  • Видови постапки во согласност со Законот;
  • Спроведување посебна постапка за набавка од мала вредност;
  • Поднесување понуда во форма на електронски каталог;
  • Гаранција на понудата – случаи во кои може гаранцијата да се наплати и да се издаде негативна референца;
  • Воведување динамичен систем за набавки – начин, услови и постапка за негова примена;
  • Нов систем за е-пазар на набавки од мала вредност.

Нов Правилник за начинот на користење на Електронскиот систем за јавни набавки, избор на најповолна понуда и правна заштита во постапките за јавни набавки

  • Користење на ЕСЈН во согласност со новиот Правилник за начинот на користење на ЕСЈН;
  • Начин за утврдување на економски најповолна понуда;
  • Определување бодови за најповолна понуда;
  • Пресметка на трошоци на животен век;
  • Предмет на е-аукција;
  • Значење и определување на пристапот на исплатливост;
  • Односот помеѓу цената и квалитетот;
  • Најзначајни интервенции во Законот во делот на жалбената постапка;
  • Воведување и имплементација на е-жалба.
  • Прашања, одговори и дискусија

Време и место на одржување на обуката: 9.5.2019 година, 10:00 – 15:00 часот, Центар за обуки Академик, бул. „ВМРО“ бр. 1, Скопје.

На обуката учесниците добиваат сертификат за учество, бесплатни материјали, кафе, вода и премиум закуска за време на паузите.

Цената за учество на обуката за едно лице е 4.200,00 денари + ДДВ, а корисниците на www.akademika.com.mk имаат 10% попуст.

Сите заинтересирани можат да се пријавуваат за обуката преку е-пошта на електронската адреса practicum@akademik.com.mk, а сите дополнителни информации може да се добијат на телефоните +389 02 3221 091 и +389 02 3237 465.