АКАДЕМИК СПЕЦИЈАЛИЗИРАНА ОНЛАЈН ОБУКА ЗА ХОТЕЛИ НА ТЕМА: „Заштита на личните податоци“
Академик, во рамки на својата програма за обуки за заштита на личните податоци, организира обука за заштита на личните податоци, специјално дизајнирана за хотелите во нашата земја на 20.09.2023 година (среда) од 10:00 – 14:00 часот.
Цел на обуката
- Дали работењето на вашиот хотел е усогласено со Законот за заштита на личните податоци?
- Дали имате назначено офицер за заштита на личните податоци?
- Дали сте транспарентни во однос на обработката на личните податоци?
Усогласувањето со Законот за заштита на личните податоци (ЗЗЛП) гради доверба кај вашите гости и клиенти и обезбедува сигурност на обработката на личните податоци. Бидете отчетни во обработката на личните податоци и со вашата посветеност во заштитата на личните податоци бидете привлечни за вашите гости и клиенти. Со усогласувањето со Законот за заштита на личните податоци, исто така, одбегнувате и високи глоби, кои можат да достинат и до 4% од годишниот приход.
Кои ќе бидат темите на обуката? Почнувајќи од основните поими, начела и основи за обработка на личните податоци, понатаму ќе бидат дадени приспособени упатства дизајнирани за хотелите и уникатните предизвици со кои се соочувате. Ќе разговараме и за тоа како да се остварат правата на гостите, вработените и другите субјекти на личните податоци, како и каде да ги чуваме личните податоци, дали да прибираме копии од лични карти и уште многу значајни прашања поврзани конкретно со работата на хотелите.
Обуката е наменета за офицерите за заштита на личните податоци, за правниците и менаџерите кои работат во хотелиерството, но и за сите други заинтересирани во оваа област.
Предавач на обуката ќе биде Арбен Гудачи – експерт и консултант за заштита на личните податоци со долгогодишно искуство во областа на заштита на личните податоци, кој има искуство и во усогласувањето на работењето на хотелите со Законот за заштита на личните податоци.
Агенда
- Основни поими, начела и основи за обработка на личните податоци
- Права на гостите и вработените и на другите субјекти на лични податоци
- Приспособени упатства дизајнирани за хотелите и уникатните предизвици со кои се соочуваат
- Назначување на офицер за заштита на личните податоци
- Заштитни мерки кои треба да ги преземеме за заштита на личните податоци
Напомена: можни се измени во агендата, во согласност со потребите на учесниците и во зависност од дискусиите што ќе се развијат во текот на обуката.
Цената за учество на обуката за едно лице е 5.400 денари со вклучен ДДВ.
Плаќањето се врши врз основа на профактура, задолжително пред почетокот на обуката.
Сите заинтересирани можат да се пријават за обуката најдоцна до 19.09.2023 година (вторник), преку е-пошта на practicum@akademik.com.mk, а сите дополнителни информации за обуката може да се добијат на телефоните:
- +389 071232342 и
- +389 071232593.
Во пријавата за учество на обуката треба да ги наведете името и презимето, информациите за субјектот кој ќе го врши плаќањето, адресата за е-пошта која ќе биде користена за да добиете покана за следење на обуката и телефонскиот број на учесникот за контакт.
Учесниците добиваат електронски материјали од обуката и е-сертификат за учество.