/ Прочитано:

1.177

Апелациониот суд одлучил Кривичниот суд да продолжи да постапува во предметот „Пуч“

„Второстепениот суд утврдил дека Кривичниот суд не ги повредил одредбите од кривичното материјално и процесно право кога донел решение за запирање на постапката за конкретниот предмет бидејќи во времето на донесување на решението во правниот поредок егзистирала Одлуката на Претседателот на РМ за помилување – ослободување од понатамошно гонење без спроведување на постапка за обвинетите“, велат од Кривичниот суд.

Судење случај „Пуч“

Апелациониот суд Скопје до Основниот суд Скопје 1 – Скопје доставил решение со кое жалбата на обвинетите во „Пуч“, изјавена преку нивниот бранител против решението на судијата за запирање на постапката за конкретниот предмет, се уважува и предметот се враќа на понатамошно постапување.

„Второстепениот суд утврдил дека Кривичниот суд не ги повредил одредбите од кривичното материјално и процесно право кога донел решение за запирање на постапката за конкретниот предмет бидејќи во времето на донесување на решението во правниот поредок егзистирала Одлуката на Претседателот на РМ за помилување – ослободување од понатамошно гонење без спроведување на постапка за обвинетите“, велат од Кривичниот суд.

Но, имајќи во предвид дека со повлекување на аболицијата се поништуваат и правните последици кои настанале со донесување на одлуката и се воспоставуваат правните односи и состојби кои постоеле пред донесување на овој акт, второстепениот суд постапувајќи по службена должност утврдил дека жалбата е основана и предметот се враќа на понатамошно постапување во првостепениот суд, додаваат од Кривичен.

Петтемина обвинети во предметот „Пуч“, Зоран Верушевски, Соња Верушевска, Бранко Палифров, Зоран Заев и Ѓорги Лазаревски се товареа за кривичните дела шпионажа и насилство спрема претставници на највисоките државни органи.