EКСКЛУЗИВНО: Прашањата за правосуден испит!

Потребата за редефинирање на моделот за полагање на адвокатски испит е иницирана од воведувањето на нов институт во правното образование наречен „Електрореторика“. Електрореториката ги опфаќа сите оние ситуации кога говорникот си зборува со компјутерот. Пред извесно време во Рим беа пронајдени и записи од Цицерон во кои се предвидува дека квалитетот на добриот говорник и адвокат не е во вештината на говорење, туку во заокружувањето. Во еден од записите се вели: „Не му беше лесно ни  на Архимед да црта кругови во песокот, ама кој го праша како му е“. Се претпоставува дека Цицерон алудира на економската теорија на правото и кругот како симбол на нулата преземен од монетарната политика, а кои се доминантни правни вредности и традиции.

Практично, оваа реформа е продолжување на овие традиции. Во согласност со нив, прашањата кои ќе бидат предмет на заокружување како нов адвокатски испит се конструирани така што ги опфаќаат аспектите на историско-обичајното право и  аспектите на современите актуелности од процедурална, аксиолошка и онтолошка смисла.

Како и секоја реформа, и оваа предизвика реакции во јавноста бидејќи стручната, практичната и експертската фела смета дека овој начин на полагање на адвокатски испит е премногу тежок. Проценката е дека само 10 % од кандидатите би го положиле испитот. Од тие причини се наметнува потребата за презентација на прашањата на јавноста со што би се отворила поширока дебата за тоа на кој начин да се олесни подготовката и полагањето на испитот.

Ексклузивно, прашањата што ќе бидат поставени на новиот адвокатски испит.

Електронско полагање на испит е:

А) Полагање испит на Електро

Б) Кога Кармен Електра е во Комисија за испит

В) рецитирање електро стих од Продиџи

Г) Кога се испитуваш себе си каде им згреши на Електродистрибуција

Според семејното право, затоплување на односите во домот има:

А) Кога ќе искречиш со потопли бои

Б) Кога Топлификација ќе пушти парно

В) Кога ќе облечеш термо чорапи

Г) сите три – кумулативно

Во Реублика Македонија правните празнини се пополнуваат со:

А) нови правни празнини

Б) бекатон плочки

В) не се пополнуваат

Г) со материјалот добиен од кршењето на Уставот

Сексот не продава:

А) таксена марка

Б) пенкалце

В) геврек пред Основен суд

Г) државна тајна

Правдата е спора, но достижна:

А) како кога некој купува пред тебе со електронска картица

Б) како пренасоување на повик

В) како постапка за избирање на нов претседател на ДИК и МАНУ

Г) како предлог на Метју Нимиц

Вистината е како:

А) шило

Б) грицкалица за нокти

В) скара на кило

Г) комплет ножеви од ИКЕА

Тужи Баба е:

А) кога некој е кодош

Б) кога некоја баба тужи

В) сестра на Гази Баба

Г) кога Али Баба го опљачкале на царина

Право суди, криво

А) је море

Б) је Бранко

В) лежи

Г) седи

Кадија те тужи, кадија

А) ти паламуди

Б) ти се лупа у груди

В) ти се чуди

Г) ти суди

ДИК  е име на:

А) Чејни

Б) Адвокат, фудбалски менаџер

В) Трејси

Г)  Кондарко

Исток не отпиша, запад не не

А) Попишуе

Б) Запишуе

В) Препишуе

Г) Интегришуе

Новиот адвокатски испит се полага :

А) со правење кругови со електронска цигара

Б) со цртање кругови по мониторот на компјутерот

В) со заокружување гужва околу  Собрание

В) ко на заебанција

Нека биде правда, па макар и светот:

А) не избере мис на свет

Б) престане да се интересира за Паоло Куељо

В) воведе електронски адвокати

Г) пропадне

Правдата има: А) зелени очи Б) нашминкани очи В) зграда кај  бившо Мекдоналдс Г) врзани очи Не се суди : 1)За време на викенди 2)по бермуди 3)во кафеани 4)по амбалажа Одговори ги посочените прашања на сликата (визуелно одговарање):

Објавено: 21.10.2013