/ Прочитано:

3.534

ДИК: Избирачкиот список од денеска на јавен увид

Избирачкиот список се става на јавен увид во подрачните одделенија и месните канцеларии на Државната изборна комисија. Јавниот увид трае 15 дена.

Принтскрин од веб-страната за пребарување на Избирачкиот список

Според Роковникот на Државната изборна комисија за одржување на предвремените парламентарни избори 2016 година, кои се закажани за 5 јуни, од денеска, 25 април, до 9 мај Избирачкиот список ќе биде ставен на јавен увид.

Избирачкиот список се става на јавен увид во подрачните одделенија и месните канцеларии на Државната изборна комисија. Јавниот увид трае 15 дена.

ДИК преку МНР ги доставува до дипломатско-конзуларните претставништва посебните изводи од Избирачкиот список за лицата на привремена работа или престој во странство врз основа на евиденцијата од надлежен орган за ставање на јавен увид.

ДИК го заклучува Избирачкиот список во кој се извршени сите промени кои произлегле од јавниот увид, отпечатен во вид на изводи, најдоцна 10 дена по завршениот јавен увид, односно најдоцна до 19 мај.

„ДИК го потпишува заклучениот Избирачки список, односно изводите од Избирачкиот список на кои се гласа, најдоцна 10 дена пред денот на одржување на изборите, односно најдоцна до 26 мај 2016 година“, стои во Роковникот на ДИК.

Од денот на распишувањето на изборите до завршувањето на јавниот увид, државјаните на Република Македонија кои се на привремена работа или престој во странство можат да достават пријава своерачно потпишана или испратена по електронска пошта со која се пријавуваат за гласање на претстојните избори, и тоа од 15 април 2016 до 9 мај 2016.

ДИК во рок од пет дена од денот на завршување на јавниот увид, Избирачкиот список го доставува до политичките партии, осносно најдоцна до 14 мај. Политичките партии во рок од пет дена од денот на приемот на Избирачкиот список до ДИК доставуваат барање за запишување, дополнување или бришење на податоци.