/ Прочитано:

1.293

ДИК: Од 39 502 спорни гласачи досега се пријавиле 1 560 лица

„Од нив, 522 се пријавиле во подрачните одделенија и канцеларии и дополнителните канцеларии на ДИК, додека 1 038 за пријавување ја искористиле веб апликацијата на интернет страницата на ДИК“, велат од ДИК.

Кампања на ДИК

Околу 300 лица кои се заведени како спорни записи во извирачкиот список во текот на изминатото денонокие го потврдиле своето право на глас во Државната изборна комисија.

Со тоа, заклучно со денеска, 4.8.2016 година, до 12:00 часот, до Државната изборна комисија се пријавиле вкупно 1 560 граѓани чиишто записи во Избирачкиот список по извршените вкрстени и теренски проверки се спорни, односно има несовпаѓање на податоците во Избирачкиот список.

„Од нив, 522 се пријавиле во подрачните одделенија и канцеларии и дополнителните канцеларии на ДИК, додека 1 038 за пријавување ја искористиле веб апликацијата на интернет страницата на ДИК“, велат од  ДИК.

Вкупно 39 502 лица се водат како спорни записи во Избирачкиот список. Можноста за пријавување е до 19 август.

Поради кусиот период за пријавување Државната изборна комисија спроведува и медиумска кампања за информирање на граѓаните да проверат дали се на списокот на спорни гласачи и да се пријават за да можат да гласаат.