/ Прочитано:

2.574

ДИК: Постапка за собирање потписи за независни кандидати за пратеници од земјава и од седмата изборна единица

На официјалната веб-страница на Државната изборна комисија објавен е образец пропишан од ДИК на кој заинтересираните граѓани ќе собираат потписи за кандидати за пратеници за предвремени избори за пратеници во Собранието на Република Македонија.

Државна изборна комисија

Од Државната изборна комисија информираат дека сите заинтересирани граѓани на Република Македонија кои се на привремена работа или престој во странство, во согласност со членот 2 став 1 точка 5, а во врска со членот 61 став 2 од Изборниот законик, до Државната изборна комисија имаат право да поднесат листа на кандидати за избор на пратеници во Собранието на Република Македонија за изборната единица број 7.

„Државната изборна комисија известува дека собирањето потписи ќе се изврши пред овластените лица на дипломатско-конзуларните претставништва и конзуларните канцеларии на Република Македонија во странство, секој ден, почнувајќи од 25 април 2016 година до 4 мај 2016 година, во период од 8:30 до 19:00 часот, на образец пропишан од Државната изборна комисија (образец 2 ГС)“, велат од ДИК.

На официјалната веб-страница на Државната изборна комисија објавен е образец пропишан од ДИК на кој заинтересираните граѓани ќе собираат потписи за кандидати за пратеници за предвремени избори за пратеници во Собранието на Република Македонија.

„Според членот 61 став 1 од Изборниот законик: ‘Кога подносител на листа на кандидати за пратеници е група избирачи, потребно е да се соберат најмалку 1 000 потписи од запишаните избирачи во изводот на Избирачкиот список на изборната единица’. Ставот 2 од членот 61 од Изборниот законик го пропишува собирањето потписи за кандидати за пратеници во дијаспората и тој гласи: ‘Кога подносител на листа на кандидати за пратеници е група избирачи од изборните единици за гласање во странство, потребно е да се соберат најмалку 1 000 потписи од запишаните избирачи во изводот од Избирачкиот список за тие изборни единици пред службените лица на дипломатско-конзуларните претставништва (ДКП), односно конзуларните канцеларии на образец потпишан од Државната изборна комисија“, стои во соопштението на ДИК.

Рокот за собирање потписи пред ДИК, односно во подрачните  одделенија, како и во ДКП е од 25 април до 9 мај 2016 година.