/ Прочитано:

1.298

ДИК: Пријавени 4 110 граѓани кои се водат како спорни записи во Избирачкиот список

Најмногу пријави се поднесени во Чаир, односно 583, потоа во Тетово 299, во Општина Сарај 263, во Куманово 235, во Аеродром 228.

Избори, гласање

Заклучно со денес, 11.8.2016 година, до 14:00 часот, до Државната изборна комисија се пријавиле вкупно
4 110 граѓани чиишто записи во Избирачкиот список по извршените вкрстени и теренски проверки се спорни, односно има несовпаѓање на податоците во Избирачкиот список.

Од нив 4 004 се прифатени, во обработка се 62 пријави, додека 44 пријави се во фаза на разгледување.

На следниот линк можете да го следите бројот на поднесени пријави во реално време.

Најмногу пријави се поднесени во Чаир, односно 583, потоа во Тетово 299, во Општина Сарај 263, во Куманово 235, во Аеродром 228.

Пријавувањето трае до 19 август.