/ Прочитано:

743

Едно лице обвинето за оддавање службена тајна

Во повеќе наврати во текот на јули 2020 година во Скопје, обвинетиот, на возраст од 56 години, и сторил достапни на јавноста документи од поранешната Управа за безбедност и контраразузнавање, сегашна Агенција за национална безбедност, до кои дошол на незаконит начин. Документите биле класифицирани како службена тајна со степен на доверливост „строго доверливо“ и се однесувале на оперативно истражување на УБК.

Така, на 07.07.2020 година обвинетиот на прес-конференција презентирал фотокопии од делови од работа верзија на документ – Извештај од разговор со лице кое соработува со УБК и една службена белешка. На 8, 9 и 12 јули 2020 година, на својот Фејсбук профил продолжил да објавува делови од класифицирани документи, меѓу кои и транскрипти од разговори со таргети во тогашната УБК“, се вели во соопштението на Обвинителството.

М.В