/ Прочитано:

620

Во подготовка нов Закон за јавно приватно партнерство

Министерството за економија подготвува нов Закон за јавно приватно партнерство. Целта на законскиот предлог е да се создаде соодветна правна и економска рамка за развој на модели за јавно приватно партнерство (концесиски /неконцесиски), односно воспоставување на ефикасен систем за јавно приватно партнерство, кој ќе обезбеди урамнотежен и недискриминирачки пристап до пазарот за сите економски оператори во обезбедување на квалитетни јавни услуги.

„Носењето на нов закон во областа на јавно приватно партнерство произлегува пред сѐ од потребата за транспонирање на Директива 2014/23/ЕУ за доделување на договорите за концесија и понатамошното усогласување со најдобрите стандарди и меѓународни практики во соодветната област, односно изготвување на стабилна и конзистентна законска рамка за доделување на договори за јавно приватно партнерство, вклучително и концесиите како вид на јавно приватно партнерство“, образложуваат од Министерството за економија.

М.В