/Прочитано:

360

(ГАЛЕРИЈА) Академик го заокружи новиот циклус практични обуки за студенти

Академик го заокружи циклусот практични обуки за студенти, посветени на кривичното и граѓанското право.

Предавачки на обуките беа судијките Антоанета Димовска и  Васка Масевска, за кои студентите учесници на обуката истакнаа дека одлично го пренеле своето знаење.

Студентите на обуките по кривично право добија темелна практична едукација за елементите на предистражната и истражната постапка; за наредбата за спроведување истрага; за записникот од сослушување сведок и за обвинителниот предлог и обвинителниот акт.

Во рамките на обуките по граѓанско право студентите го надградија своето знаење за формата на тужбата; за содржина на тужбата и начинот на подготовка на тужба и жалба.

Обуките беа заокружени со практични вежби за подготовка на обвинителен акт и за пишување пресуда, како и со практични вежби за пишување тужба и жалба.

На обуките, исто така, имаше и симулација на главна расправа, што предизвика посебен интерес кај студентите, кои се најдоа во улога на учесници во постапката.

„Многу ни се допадна тоа што на обуките можевме да добиеме конкретна практична едукација од познатите судијки. Тие со своето искуство и со своите одлични ораторски способности направија да се создаде многу креативна атмосфера, во која ние максимално се внесовме. Пишувавме правни поднесоци, симулиравме судски процес, изнесувавме аргументи токму како пред суд. Научивме многу. Ова се навистина корисни обуки, кои ќе имаат големо значење за нашиот иден развој како правници“, коментираат студентите.

„Обуките за студенти во организација на Академик се многу квалитетни и преставуваат надградување на теоретската едукација. Организацијата на обуките е супер, а за врвниот квалитет  на обуките придонесуваат повеќе фактори, како што се: пријатниот амбиент во просториите на Академик, обемната и корисна литература, најдобрата електронска збирка на прописи Академика, како и одличниот портал за право Академик.мк со правните информации што ги нуди секојдневно“, додаваат студентите што учествуваа на обуките на Академик, кои се здобија и со сертификати.