/Прочитано:

1.294

Годишната награда на МААА доделена на проф. д-р Билјана Секуловска-Габер

Во организација на Македонско-американската алумни асоцијација (МААА) во Македонската филхармонија во саботата, 15 декември 2018 година, се одржа голем добротворен концерт на американска музика, под наслов „Божиќ во Њујорк“, во изведба на Биг-бендот на Здружението на џез-музичари, под диригентската палка на Џијан Емин.

Како солисти настапија Ирина Карамарковиќ од Грац, Австрија и Џон Илија Апелгрин.

Во рамките на настанот беше доделена Годишната награда на МААА на проф. д-р Билјана Секуловска-Габер, учесник на програмата Фулбрајт во учебната 1978/79 година, за нејзините заслуги за унапредување на македонско-американските односи.

Наградата ѝ ја врачи претседателот на МААА, проф. д-р Мишо Докмановиќ.

Професорот Докмановиќ избран во Одборот на директори на Европската мрежа на американски алумни организации

„Градиме мостови на соработка помеѓу САД и Македонија“ – проф. д-р Мишо Докмановиќ, претседател на Македонско-американската алумни асоцијација

Проф. д-р Мишо Докмановиќ избран за претседател на Македонско-американската алумни асоцијација

M.В