/ Прочитано:

2.566

Инаугурацијата на претседателот на САД – процедура и историски факти

Според Уставот на САД, стариот претседател ја извршува својата должност со целосна моќ до 20 јануари, до 11 часот 59 минути и 59 секунди, а потоа новиот претседател, по заклетвата која ја дава пред претседателот на Врховниот суд, ја презема власта. Свечената заклетва изречно не ги содржи зборовите „И Бог нека ми е на помош“, кои првпат биле употребени при инаугурацијата на 21-от претседател на САД, Честер Артур, во 1881 година по смртта на претседателот Џејмс Гарфилд.

Трамп инаугурација

Во Вашингтон денеска беше инаугуриран 45-тиот американски претседател Доналд Трамп. Во Амандманот 20 од Уставот на САД, ратификуван на 23 јануари 1933 година е предвидено дека претседателот дава свечена заклетва на 20 јануари со зборовите „Свечено се колнам дека чесно ќе ја извршувам должноста претседател на САД и дека ќе сторам сè за да го заштитам, да го зачувам и да го одбранам Уставот на Соединетите Американски Држави”.

Според Уставот на САД, стариот претседател ја извршува својата должност со целосна моќ до 20 јануари, до 11 часот 59 минути и 59 секунди, а потоа новиот претседател, по заклетвата која ја дава пред претседателот на Врховниот суд, ја презема власта. Свечената заклетва изречно не ги содржи зборовите „И Бог нека ми е на помош“, кои првпат биле употребени при инаугурацијата на 21-от претседател на САД, Честер Артур, во 1881 година по смртта на претседателот Џејмс Гарфилд.

Белата куќа

Инаугурацијата, која се одржа пред „Капитол хил”, домот на Конгресот, беше придружена со парада на авенијата „Пенсилванија” која новиот претседател jа следеше од главната трибина.

Овој ден е неработен ден за вработените во администрацијата во Дистриктот Колумбија.

По завршувањето на церемонијата, претседателот и потпретседателот се почесни гости на свечениот ручек организиран од страна на Конгресот, а подоцна парадираат од авенијата „Пенсилванија” до Белата куќа.

Чинот на полагање свечена заклетва не се одвивал секогаш во свечена атмосфера. Имено, на 22 ноември 1963 година, Линдон Џонсон, тогашниот потпретседател на САД, по атентатот врз претседателот Џон Кенеди извршен претходниот ден, дал заклетва во претседателскиот авион и ја презел функцијата претседател на САД.

САД претседател

Општата атмосфера во САД откако Доналд Трамп беше избран за претседател, а воедно и за време на неговата инаугурација, беше проследена со протести и тој стапува на должност како претседател кој не ужива симпатии кај дел од американската јавност, а особено меѓу демократите. Досега 60 функционери на Демократската партија најавија дека ќе ја бојкотираат инаугурацијата и дека нема да присуствуваат на неа.

Во врска со преземањето на безбедносните мерки, околу 30 000 локални, државни и федерални официјални лица ќе се грижат за инаугурацијата да помине во најдобар ред. Забрането е движење на возила, освен на службените кои учествуваат во организацијата, а за да биде сè во најдобар ред, ќе се врши и претрес на присутните граѓани на повеќе локации.

На претседателските избори одржани на 8 ноември 2016, Доналд Трамп освои 306 гласа од Изборниот колегиум , наспроти кандидатката на демократите Хилари Клинтон која освои 232 гласа. Исто така, републиканците освоија 52 места во Сенатот, за разлика од демократите кои освоија 48 сенаторски места.

На 30 април 1789 година Џорџ Вашингтон прв положил заклетва како претседател на САД пред Роберт Ливингстон кој бил еден од основачите на САД и кој бил на чело на највисокиот суд во државата Њујорк.