/Прочитано:

2.918

Инфографик на Фајнанс тинк по повод Денот на еднакви плати

„10 април е Ден на еднакви плати. Да се потсетиме дека жените во Македонија се за 12 % помалку платени од мажите, а разликата се зголемува до 18 % кога се земаат предвид образованието, возраста, секторот и занимањето. Порастот на минималната плата и уедначувањето во секторите текстил и кожа, кои вработуваат повеќе жени, се очекува да придонесат за намалување на родовиот јаз во платите“, истакнуваат од Фајнанс тинк.