/ Прочитано:

1.932

Институтот на сметководители продолжува со активностите за утврдување на цените на сметководствените услуги

ИСОС ја информира јавноста дека Институтот на сметководители и овластени сметководители и понатаму, во интерес на своите членови и општествената заедница во целост, во согласност со Законот за вршење сметководствени стандарди, Статутот, Годишната програма за континуирано професионално усовршување на Институтот, IFAC-овиот кодекс за етика на професионалните сметководители и Меѓународниот стандард за едукација, ќе продолжи со активности за донесување и рангирање на сите критериуми кои ќе бидат основа за утврдување на цените на сметководствените услуги.

Институтот за сметководители и овластени сметководители на Република Македонија (ИСОС) денеска соопшти дека по барање на своите членови, од 2016 континуирано спроведува активности и состаноци од кои произлегоа предлози преточени во акт за утврдување на основните критериуми за утврдување цени на сметководствените услуги.

„За донесениот акт во врска со критериумите, Министерството за финансии се обрати со допис до Институтот на 20.6.2017, со кој укажува кои активности и акти можат да се спроведуваат во согласност со Законот за вршење сметководствени работи и Статутот на Институтот, а во врска со кој допис Институтот излезе со информација дека постапува во согласност со дадените насоки и во согласност со законот и актите на ИСОС. И покрај тоа, во неделата на 2 јули 2017 извесна организација ‘Бизнис конфедерација’, без да се обрати до Институтот и да се информира за нашите активности, спровела и објавила правна анализа на непостојна одлука со која се обидува да пласира невистини во јавноста и со која го нарушува угледот на институтот, за што ќе бидат преземени соодветни постапки“, се наведува во соопштението на ИСОС.

За таа цел, како што се вели во соопштението, ИСОС ја информира јавноста дека Институтот на сметководители и овластени сметководители и понатаму, во интерес на своите членови и општествената заедница во целост, во согласност со Законот за вршење сметководствени стандарди, Статутот, Годишната програма за континуирано професионално усовршување на Институтот, IFAC-овиот кодекс за етика на професионалните сметководители и Меѓународниот стандард за едукација, ќе продолжи со активности за донесување и рангирање на сите критериуми кои ќе бидат основа за утврдување на цените на сметководствените услуги.

„Со тоа конечно ќе биде вреднуван интелектуалниот труд на сметководителите кои легално вршат сметководствени услуги“, соопштува ИСОС.