Изгласани уставните амандмани
Mакедонското Собрание со 81 глас „за“ ги изгласа четирите уставни амандмани за менување на уставното име на Република Македонија во Република Северна Македонија по стапување во сила на Договорот од Преспа. Собранието го донесе и Уставниот закон за спроведување на амандманите.
Во Уставниот закон се пропишува дека амандманите од XXXIII до XXXVI на Уставот на Република Македонија влегуваат во сила со влегување во сила на Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации, за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 година и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните и ратификација на Протоколот за пристапување во НАТО од Првата страна на Конечната спогодба.
Со амадманот XXXIII во Уставот на РМ зборовите „Република Македонија“ се заменуваат со зборовите „Република Северна Македонија“, а зборот „Македонија“ се заменува со зборовите „Северна Македонија“. Другите амадмани се однесуваат на промените во Преамбулата, на гарантирањето на суверенитетот, територијалниот интегритет и политичката независност на соседните држави и на грижата за дијаспората.
„По известувањето од Втората страна за завршување на постапката за усвојување на горенаведените амандмани на Уставот и за завршувањето на сите внатрешни правни постапки потребни за влегувањето во сила на оваа Спогодба, Првата страна веднаш ќе ја ратификува оваа Спогодба“, се вели во Конечната спогодба, односно во Договорот од Преспа.
Донесувањето на уставните амандмани на собраниска седница
Текстот на Предлог-амандманите за измени на Уставот поднесени во Собранието на РМ
Собранискиот деловник во врска со донесувањето и прогласувањето амандманите на Уставот
Соопштение за последните јавни дискусии за нацрт-амандманите за уставните измени
Соопштение за третата јавна дискусија за нацрт-амандманите за уставни измени
Соопштение за втората јавна дискусија за нацрт-амандманите на Уставот одржана на Универзитетот ФОН
Соопштение на Владата во врска со првата јавна дискусија за нацрт- амандманите за уставни измени
Јавни дискусии на Владата за измените на Уставот
Јавна расправа и почеток на третата фаза за изгласаните нацрт-амандмани на Уставот
Нацрт-амандманите на Уставот пред Комисијата за уставни прашања
Според нацрт-амандманите, зборот „Македонија“ останува во членот 36 од Уставот
Објавен текстот на нацрт-амандманите на Уставот на Република Македонија
Деловникот на Собранието на РМ во врска со нацрт-амандманите на Уставот
Собранието донесе одлука за пристапување кон измена на Уставот
Предлогот за пристапување кон измена на Уставот на седница на Комисијата за уставни прашања
Деловникот на Собранието на РМ во врска со Предлогот за пристапување кон измена на Уставот
Што содржи Предлогот на Владата до Собранието на РМ за пристапување кон измени на Уставот
Предлогот за пристапување кон измени на Уставот на вонредна седница на Владата
Во Министерството за правда засега нема предлог за уставните измени
Обвинителството со дополнителни дежурства за евентуални нерегуларности во текот на референдумот
ДИК објави табела на акредитирани набљудувачи за претстојниот референдум
Јавното обвинителство ќе ги следи евентуалните нерегуларности околу референдумот
ДИК: Неопходни се два услови за успешен референдум
За мнозинството уставни судии оспорената одлука за референдумот не е противуставна
Оспорената одлука за распишување на референдумот на седница на Уставниот суд
ДИК го усвои Кодексот за набљудување на референдумот
Левица поднесе иницијатива пред Уставниот суд за поништување на собраниската одлука за референдумот
Проверката на податоците во Избирачкиот список за спроведување на референдумот ќе трае до 23 август
Јавна седница на ДИК за прашања поврзани со референдумот
Изгласана Одлуката за референдум за консултирање на граѓаните
Предлог-одлуката за референдум за консултирање на граѓаните поднесена од група пратеници
Процедурите во Договорот со Грција кои се однесуваат и на зачленувањето на Македонија во НАТО
Сè уште нема конечна одлука дали ќе се менува Законот за референдум, вели министерката за правда
Собранието го ратификуваше договорот со Грција
Предлог-законот за ратификација на договорот со Грција во собраниска процедура по скратена постапка
Владата ќе го достави Предлог-законот за ратификација на договорот со Република Грција
Владата го објави текстот на договорот со Грција /м.в
М.В