/ Прочитано:

1.779

Ќе се одложи примената на Законот за Академијата за наставници и на Законот за наставници во основните и средните училишта

Министерството за образование и наука подготвува измени на Законот за Академијата за наставници. Со Законот за изменување на Законот за Академијата за наставници се врши одложување на започнувањето со примената на овој закон.

„Целта на предложените законски решенија е да се создадат оптимални услови за отпочнување со примената на Законот за Академијата за наставници“, образложуваат од Министерството.

Со Законот за Академијата за наставници, чија примена не се одложува по прв пат, се уредуваат работењето на Академијата како јавна установа за прием и стручно усовршување на кандидати за учество во обуката за наставници во јавните и приватните училишта, како и издавањето, обновувањето и одземањето на лиценцата за работа на наставници.

Покрај измената на овој закон, од МОН подготвуваат и измени на Законот за наставници во основните и средните училишта со кои, исто така, ќе се одложи  почетокот на примената на Законот. Целта на предложените законски решенија, исто така,  е да се создадат оптимални услови за отпочнување со примената на Законот за наставници во основните и средните училишта.

М.В