/Прочитано:

697

Новиот Предлог-закон за Академијата за судии и јавни обвинители во собраниска процедура

Новиот Предлог-закон за Академијата за судии и јавни обвинители, чиј предлагач е Владата, е во собраниска процедура. И овој предлог-закон е во собраниска процедура со европско знаменце.

„Донесувањето на Закон за Академијата за судии и јавни обвинители произлегува  од потребата  за реформа на судството во Република  Северна Македонија, зацртана во Стратегијата за реформа на правосудниот сектор, стратегиската цел на Република Северна Македонија  за членство во ЕУ  и  потребата за остварување на преземените обврски за спроведување на ефикасни и континуирани реформи во судството базирани  на европските стандарди.

Основната намера на Владата на Република Северна Македонија за членство во Европската Унија налага продолжување на реформите во областа судство и негово натамошно унапредување.

Основната цел на предлагањето на овој закон е содржана како стратешка цел во Стратегијата за реформа на правосудниот сектор дефинирана како: уедначување на судската пракса преку зголемен обем на обуки на судиите во рамките на Академијата за  судии и јавни обвинители, нови законски критериуми за состав на органите на управување и раководење на Академијата, како и редефинирање на начинот на полагање на приемниот и завршниот испит врз основа на мерила и објективни критериуми за процена на  знаењата на кандидатите.

Воедно, при изготвување на законското решение земени се предвид и препораките на оценската мисија на ТАИEКС за обука на судии и јавни обвинители од април 2018 година. Препораките се однесуваат на составот на органите на управување и раководење и нивниот мандат, редефинирање на начинот на полагање на приемниот и завршниот испит, намалување на роковите за поднесување и одлучување по приговори и жалби за резултатите од приемниот испит и зајакнување на начинот на спроведување на континуираната обука, за што е постигната целосна усогласеност.

Од наведените причини, се оцени дека е неопходно да се пристапи кон изработка на нов текст на закон од причина што истиот би претрпел менување на повеќе од 80% од одредбите“, се посочува во законското образложение.

Новиот Закон за Академијата за судии и јавни обвинители во собраниска процедура

Утврдени измените на ЗПП, на Кривичниот законик и на Законот за Академијата за судии и јавни обвинители

Второ читање на Законот за Академија за судии и јавни обвинители

Законот за Академијата за судии и јавни обвинители на собраниска седница

Јавна расправа за Предлог-законот за Академијата за судии и јавни обвинители

Со Законот за Академијата ќе се создадат судии и обвинители со висок интегритет, велат од Министерството за правда

Предлог-законот за Академијата за судии и јавни обвинители пред Комисијата за политички систем

Комисиска расправа за новиот Предлог-закон за Академијата за судии и јавни обвинители

Новиот Закон за Академијата за судии и јавни обвинители со европско знаменце во собраниска процедура

Објавен Предлог-законот за Академијата за судии и јавни обвинители

Министерството за правда подготвува нов Закон за Академијата за судии и јавни обвинители

Прифатен Годишниот извештај за имплементација на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор 2017 – 2022

Усвоен Првиот годишен извештај за имплементација на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор

Советот за Стратегијата за реформи на правосудниот сектор: Потребна е реформа на Академијата за судии и јавни обвинители

Формиран Советот за следење на имплементација на Стратегијата во правосудството 2017 – 2022

Усвоена Стратегијата за реформи во правосудниот сектор

М.В