/ Прочитано:

931

Меморaндум зa разбирање помеѓу ОБСЕ/ОДИХР, Академијата за судии и јавни обвинители и Јавното обвинителство

Во просториите на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, директорката на Академијата, проф. д-р Наташа Габер Дамјановска, Љубомир Јовески, јавен обвинител на Република Северна Македонија, амбасадорот Игибјорг Солун Гисладотир, директор на ОДИХР, и амбасадорот Клеменс Која, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, потпишаа меморандум за разбирање помеѓу ОБСЕ/ОДИХР, Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ и Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.

Потпишувањето на меморандумот е во врска со спроведувањето на Програмата за обука на јавни обвинители за справување со криминал од омраза во Република Северна Македонија.

М.В