/ Прочитано:

3.465

Нов Правилник за урбанистичко планирање

 

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, денеска изјави дека е потпишан Правилникот за урбанистичко планирање. Овој правилник, посочи министерот, ќе биде продолжена алатка на новиот Закон за урбанистичко планирање.

Со овие два акта, додаде Бочварски, ќе се овозможи вистински развој на урбаните средини преку рационално и хумано планирање на просторот и нема да се дозволува узурпација на просторот.

„Се воспоставуваат сериозни регулации во делот на донесувањето на урбанистичките планови и заштитата на зеленилото, како што е предвиденото двојно гласање во Советот преку партиципативно тело во кое ќе учествуваат граѓани, стручни лица, фелата, советничките групи, кои ќе имаат целосен увид во носењето на деталните урбанистички планови“, образложи тој, додавајќи дека е потребно да има и вклученост на граѓаните.

Ова е правилник преку кој можат да се вклучат сите граѓани за да не се доведуваме во ситуација по донесени ДУП да излегуваат реакциите на граѓаните бидејќи тогаш таа реакција реално е и задоцнета. Токму поради ова, резимираше Бочварски,  Правилникот беше целосно усогласен со фелата, архитектите, професорите, коморите, граѓанските здруженија.

М.В