/ Прочитано:

667

Поплаките на граѓаните за снабдувањето со топлинска енергија нотирани и во извештајот на Народниот правобранител

Поплаките на граѓаните за снабдувањето со топлинска енергија се нотирани и во последниот извештај на Народниот правобранител. Според Народниот правобранител, однесувањето на операторите на топлинска енергија е неодговорно.

„Голем дел од претставките за снабдување со топлинска енергија беа поднесени против снабдувачот со топлинска енергија БЕГ (Балкан Енерџи Груп ДООЕЛ Скопје), и тоа поради висок износ на фактури, неажурност по пријавување на дефект, проблеми со континуитетот на испорачаната топлинска енергија, регулирање на состојба на долг и др. Во однос на овие поплаки на граѓани, Народниот правобранител во многу случаи констатираше дека операторите на топлинска енергија се однесуваат неодговорно кон потрошувачите и нудат неквалитетни услуги“, се нотира во последниот Извештај на Народниот правобранител.

М.В