Одлични впечатоци од обуката на Академик посветена на јавните набавки

Академик одржа обука со наслов „Вовед во Предлог-законот за јавните набавки и подготовка за негова примена“. На обуката, која предизвика голем интерес кај професионалната фела, детално се говореше за новините во Предлог-законот, за тоа какви обврски и одговорности ќе имаат учесниците во постапката и кои се најзначајните новини со кои се означува реформата во системот за јавни набавки.

Предавач на обуката беше Маја Малахова, експерт од областа на јавните набавки. Нагласувајќи го квалитетот на предавањето, учесниците на обуката истакнаа дека на едукативниот настан преку практичен пристап се дала сеопфатна анализа на Предлог-законот и преку практични примери детално се разработила реформата во системот на јавните набавки.

„Обуката е многу корисна и многу убаво конципирана. Има многу практични примери. Се говори за сите дилеми кои произлегуваат или кои би произлегле во практичното работење. На овој начин, преку оваа обука ние благовремено се подготвуваме за  правилна примена на регулативата од областа на јавните набавки“.

„Одличен предавач, со точно и конкретно познавање на законските решенија и нивната примена“.

„Обуки мора да се спроведуваат и да се организираат редовно за да може правилно да се применат законските одредби“.

Предавачот беше добро подготвен и одлично го пренесе своето знаење.

Временскиот период на предавањата беше соодветен, а предавачот одличен.