Одлука за измена на Тарифата за награда и надоместок на трошоците за работа на адвокатите
Адвокатската комора донесе одлука за измена и дополнување на Тарифата за награда и надоместок на трошоците за работа на адвокатите, информираат од Адвокатската комора. Одлуката на Комората ја објавуваме во целост:
АДВОКАТСКА КОМОРА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Врз основа на член 23 од Статутот на Адвокатска комора на Република Северна Македонија, Управниот одбор на Адвокатската комора на Република Северна Македонија на седница одржана на ден 28.11.2019 година ја донесе следната
ОДЛУКА ЗА ИЗМЕНА И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ТАРИФАТА ЗА НАГРАДА И НАДОМЕСТОК НА ТРОШОЦИТЕ ЗА РАБОТА НА АДВОКАТИТЕ
Член 1
Во член 8 глава I по точката 8 се додадваат три нови точки 9, 10 и 11, кои гласат:
- За управна постапка, наградата изнесува 6.000,00 денари.
- За управен спор, наградата изнесува 7.000,00 денари.
- За прекршочна постапка, наградата изнесува 5.000,00 денари
Точките 9,10,11,12,13,14,15,16,17 и 18 стануваат точки 12, 13, 14, 15, 16, 17, 18, 19, 20, и 21.
Член 2
Во член 8 по глава I се додава нова глава II, која гласи:
- Бесплатна правна помош
- Граѓанска постапка За состав на образложени поднесоци, тужби и жалби, како и за присуство на одржани рочишта, увиди и вештачења, наградата изнесува 70% од предвидената во точка 2. 2. Управна постапка За состав на барање и жалба пред надлежен орган наградата изнесува вкупно 6.000,00 денари. 3. Управни спорови За состав на образложени поднесоци, тужби, жалби, како и за присуство на одржани рочишта, увиди и вештачења, наградата изнесува 7.000,00 денари. 4. Кога правната помош се дава на деца во постапките пред Центарот за социјална работа и Министерството за внатрешни работи во согласност со одредбите од Закон за правда за децата, наградата изнесува 4.000,00 денари. Во член 8 главите II, III, IV и V, стануваат глави III, IV, V и VI.
Член 3
Во член 8 глава II (сега глава III) точка 1 се менува и гласи: 1. За застапување и одбрана, наградата е како за состав на соодветниот поднесок и саатнина од 20% за секој започнат час, освен за глава II точка 2, 3 и 4.
Член 4 Во член 8 глава III (сега глава IV) став 1 се менува и гласи: За состав на редовен и вонреден правен лек и одговор на редовен и вонреден правен лек, наградата е 50% поголема од наградата за застапување или одбрана, а ако адвокатот не учествува на расправа или претрес, наградата е 100% зголемена, освен за глава II точка 2, 3 и 4.
Член 5
Во член 8 глава V (сега глава VI) точките 1 и 2 се менуваат и гласат: 1. Наградата предвидена по одредбите на оваа Тарифа се зголемува за 30% на име паушал за сите споредни дејствија што се тарифирани, освен за глава II точка 2, 3 и 4. 2. За утврдување на правосилност и извршност наградата изнесува 10% од предвидената за соодветното дејствие по оваа Тарифа, освен за глава II точка 2, 3 и 4.
Член 6
Оваа Одлука стапува на сила со денот на објавување во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
М.В