По повод Денот на правосудството објавен новиот број на „Правен дијалог“

По повод Денот на правосудството, Институтот за човекови права објави нов број на стручното списание „Правен дијалог“, број 17 со 9 научни трудови. И во овој број на списанието се обработуваат најразлични теми кои пред сè ја засегаат заштитата на човековите права, а изготвени се од еминентни експерти за човекови права, професори, правници и сл.

Во 17 број на „Правен дијалог“, Вања Михајлова се осврнува на темата за трговијата со влијание како кривично дело кое тешко се открива, д-р Драгана Кипријановска за концептот на специјализирано судство, доц. д-р Марјан Габеров за независноста на судството како предуслов за заштита на човековите права, Елизабета Васкова за улогата на Судскиот совет во гарантирање и заштита на човековите права и владеење на правото, м-р Леонида Џумеркоска за односите на извршителите со јавноста и судската заштита на странките во постапката, м-р Ивана Џумковска за правосудниот систем на РМ во насока на подобрување на човековите права, м-р Иван Колевски за правните заклучоци на средбите на апелационите судови како средство за обезбедување на уедначена судска пракса, м-р Викторија Наумоска за заштитата на човековите права од судовите и м-р Нена Николовска за арбитражата и примената на членот 6 од Европската конвенција за заштита на човековите права.

Научните трудови може да се видат на следниот линк.