/ Прочитано:

1.722

Подготвени дочекајте ги случувањата во правниот свет заедно со Академик – две нови обуки во месец јануари

Како и досега така и во новата 2018 година Академик продолжува со организација на обуки посветени на значајни и актуелни прашања од областа на правото. Во месец јануари 2018 година Академик ќе одржи обуки за законските измени и за новините што се однесуваат на административните службеници и на личните податоци.

На овие обуки ќе говорат докажани експерти, кои преку своите предавања и практични совети на учесниците на обуките ќе им дадат беспрекорна стручна едукација за практична примена на правните прописи.

Во месец јануари 2018 година Академик стартува со следниот распоред на обуки:

25 јануари  2018 година

Тема: „Анализа и практична примена на новините предвидени во Законот за измени и дополнувања на Законот за административни службеници“

Предавач: Билјана Николовска-Жагар, државен советник во Министерството за информатичко општество и администрација

30 јануари 2018 година

Тема: „Практична примена на новиот Закон за заштита на личните податоци“

Предавач: Игор Кузевски, генерален секретар во Дирекцијата за заштита на личните податоци, автор на книгата „Прирачник за заштита на личните податоци – практичен водич“.

Обуките ќе се одржуваат во новоотворениот Центар за обуки на Академик, кој се наоѓа во Скопје, во централното градско подрачје, на ул. ВМРО бр. 1. Врвната техничка опременост, ултрабрзиот интернет, организацијата на просторот и пријатната атмосфера на новите простории на Центарот за обуки на Академик му го даваат епитетот најсовремен центар за обуки во главниот град на Македонија.

Цената за учество на обуките за едно лице е 4.200,00 денари + ДДВ, а корисниците на www.akademika.com.mk имаат 10% попуст. Плаќањето се врши врз основа на фактура, пред или по завршувањето на обуката.

На обуките учесниците добиваат сертификат за учество, бесплатни материјали, освежување, кафе и премиум закуска за време на паузите.

Сите заинтересирани можат да се пријавуваат за обуките преку е-пошта на електронската адреса temelkoska@akademik.com.mk, а сите дополнителни информации може да се добијат на телефоните +389 02 3110 227, +389 02 3135 007.

(ГАЛЕРИЈА) Новиот Центар за обуки на Академик