/ Прочитано:

780

Пратениците го донесоа Законот за изменување и дополнување на Законот за градење, по скратена постапка

Со 84 гласа „за“, денеска пратениците на 84. седница го донесоа Законот за изменување и дополнување на Законот за градење, по скратена постапка.

Со овој предлог закон се предвидува посебна постапка за поставување на фотонапонски електроцентрали на објекти, без издавање на решение за поставување, од страна на потрошувачи-производители кои произведената електрична енергија ја користат за сопствена потрошувачка, а вишокот на произведената енергија го предаваат во електродистрибутивна мрежа.

Со Законот за градење фотонапонски панели за производство на електрична енергија со максимален инсталиран капацитет до 1 МW можат да се постават на објект по добиено решение за поставување
согласно членот 74 од Законот. Со измените на Законот за градење ќе се избрише одредбата со која општината издава решение за поставување на фотонапонски системи на кров за потрошувачите-производители.

 

Извор: МИА