/Прочитано:

974

Проверката на податоците во Избирачкиот список за спроведување на референдумот ќе трае до 23 август

Од утре (9 август) почнува проверката на податоците во Избирачкиот список за спроведување на референдумот на 30 септември. Увидот ќе трае до 23 август 2018 година до 24:00 часот.

ДИК ги повикува граѓаните да ги проверат податоците во Избирачкиот список и доколку сметаат дека е потребно, да побараат измена, дополнување или бришење на податоците во него. Проверката на податоците може да ја направат преку веб-страницата на ДИК  и во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК.

Барањата за измена, дополнување или бришење на податоците во Избирачкиот список граѓаните ги поднесуваат во подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија, додека државјаните на РМ кои се на привремена работа или престој во странство ги поднесуваат по електронска пошта до ДИК.

Од денот на започнувањето на увидот до неговото завршување, државјаните на РМ кои се на привремена работа или престој во странство можат да достават пријава, своерачно потпишана до ДКП или испратена по електронски пат преку веб-апликација на ДИК.

Пријавата ДКП-та, односно конзуларните канцеларии во рок од два дена по завршувањето на увидот треба да ја достават електронски до МНР, а МНР, пак, најдоцна до 27 август треба да ја извести ДИК. Инаку, дијаспората за референдумското прашање ќе се изјасни на 29 септември.

ДИК по барањата и пријавите на граѓаните е должна да одлучи со решение во рок од 48 часа од денот на приемот на барањето. Доколку биде донесено решение со кое се одбива барањето, граѓанинот во рок од 24 часа од приемот на решението може да поднесе тужба до Врховниот суд. Врховниот суд во рок од 24 часа по приемот на тужбата и одлуката веднаш му ја доставува на тужителот по електронски пат.

Избирачкиот список што се става на јавен увид е со состојба на податоци на граѓаните кои заклучно со 30 септември 2018 година станале полнолетни.

Списокот на адреси на подрачните одделенија и канцеларии на ДИК може да се најде на линкот: http://www.sec.mk/kontakt/.

Јавна седница на ДИК за прашања поврзани со референдумот

Изгласана Одлуката за референдум за консултирање на граѓаните

Предлог-одлуката за референдум за консултирање на граѓаните поднесена од група пратеници

Процедурите во Договорот со Грција кои се однесуваат и на зачленувањето на Македонија во НАТО

Дескоска: Со Законот за референдум не може да се менува цензусот за референдум бидејќи цензусот е уставна категорија

Претседателот Иванов донесе одлука да не го потпише указот за Законот за ратификација на договорот со Грција

Сè уште нема конечна одлука дали ќе се менува Законот за референдум, вели министерката за правда

Што се предвидува во Договорот со Грција за употребата на придавките во однос на „јавните институции и приватните ентитети“

Собранието го ратификуваше договорот со Грција

Предлог-законот за ратификација на договорот со Грција во собраниска процедура по скратена постапка

Владата ќе го достави Предлог-законот за ратификација на договорот со Република Грција

Предвидените внатрешни правни постапки во потпишаниот договор со Грција потребни за негово влегување во сила

Владата го објави текстот на договорот со Грција М.В