/ Прочитано:

2.130

Прва кривична пресуда за кршење на работнички права за време на корона-кризата

„За време на оваа здравствено-економска криза, каде што многу работници останаа без работа, со незаконски откази, добивме позитивна вест. ‘Гласен текстилец’ го следеше судскиот случај на една работничка од Куманово, којашто беше бремена и ги користеше времените мерки донесени од Владата со коишто бремените беа ослободени од работа. Работодавачот ѝ даде незаконски отказ поради кршење на ред и дисциплина. Оваа работничка собра храброст и го тужеше работодавачот со тужба поради работен спор и приватна кривична тужба  и ја доби оваа битка, со што судот го усвои тужбеното барање, го утврди незаконитото постапување со кое се повредени работничките права. Судот го поништи решението за откажување на договорот за вработување, како незаконито“, соопштуваат од здружението „Гласен текстилец“.

Од „Гласен текстилец“ ги охрабруваат работниците доколку им се повредени работничките права, да бидат одлучни и упорни во нивното остварување и да се обратат до соодветните институции, како и до нив. Правдата е достижна, само е потребна храброст, одлучност и упорност, истакнуваат од здружението.

М.В