/ Прочитано:

1.331

Прва обука на Академик во новите простории

Академик одржа обука на тема: „Сè што треба да знаете за канцелариското и архивското работење – од приемот на документацијата, па сè до нејзиното уништување“, на која предавачи беа инспекторки од Државниот управен инспекторат. Обуката се одржа во новите простории на Академик, кои се наоѓаат на ул. „Рајко Жинзифов“ бр. 50.

Една од основните задачи на секој правен субјект е правилно водење на канцелариското и архивското работење. Правилното постапување со документарниот и со архивскиот материјал е клучен сегмент во управувањето со правниот субјект и во докажувањето на законитоста во неговото работење.

Во таа насока, на обуката се говореше за правната рамка за канцелариско и архивско работење, за водењето деловодник и книги за евиденција, со посебен осврт на е-архива и е-деловодник, како и за постапувањето со архивскиот и документарниот материјал.

Обуката се заокружи со практични примери и вежби и со плодна дискусија за правилната примена на законските решенија од областа на канцелариското и архивското работење.

Учесниците истакнуваат дека обуката поминала во одлична атмосфера поради добрата организација, особено поради знаењата на предавачите, како и поради инспиративниот амбиент во новите простории на Академик.

„Со оваа обука беа опфатени сите теми и области од архивското работење. Обуката беше одлично осмислена и организирана. Обуки за оваа тема треба да се организираат за приватните фирми кои не се запознаени со архивското и канцелариското работење“, Соња Стаменковска од Собрание на РСМ.

„Супер беше обуката. Би можела да трае и два дена“, Игор Николовски од ОБСЕ.

„Предавачките беа добро подготвени и одлично го пренесоа своето знаење“, Лелја Абди-Емин од Институт за акредитација.

„Обуката за канцелариско и архивско работење беше одлично осмислена. Предавањата беа одлично презентирани благодарение на умешноста на предавачките“, Марија Котеска од ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Прилеп.

„Ви благодарам за обуката“, Зорица Боцевска од Општина Битола.

„Обуката ја исполни целта. Се стекнав со нови знаења“, Андријана Богдановска од Општина Битола.

„Најпрво да ви се заблагодарам за организираната обука. Целта на обуката беше исполнета и многу работи ми се разјаснија. Во секој случај, успешна обука“, Елена Лазарова од „Макпетрол“.

Многу сум задоволна, посебно од предавачките, кои беа јасни и концизни во изразувањето, отворени за комуникација. Тие одговорија на разновидни прашања. Со задоволство би присуствувала и на други обуки“, Јана Момировска од „Макпетрол“.