Првата обука на Академик во 2019 година проследена со голем интерес
Академик ја одржа првата обука во 2019 година, посветена на примената на Законот за градење, која, како што е својствено за обуките во организација на Академик, беше реализирана пред голем број учесници.
Поконкретно, на обуката, на која предавач беше Мартин Оџаклиески, државен советник за управно-надзорни работи при Министерството за транспорт и врски, се говореше за постапката за добивање одобрение за градење, за правата и обврските на учесниците во изградбата на објектите, за соинвеститорството, за причините за прекин на изградбата, за правните ризици и последиците од прекинот.
Исто така, на обуката се дискутираше за многу отворени прашања кои произлегуваат од реални ситуации од практиката, и во таа насока беа разгледани многу објективни проблеми со кои се соочуваат учесниците во изградбата и органите што ги издаваат дозволите за градење.
„Практичната обука беше одлично организирана. На обуката се образложија многу важни прашања од областа на градењето, и за таа цел се дадоа конкретни насоки за спроведување успешна постапка за градење“, коментираат учесниците на обуката.
„Предавачот имаш јасно предавање, детално осврнувајќи се на темата на обуката“, додаваат учесниците.
„Одлично организирана обука, со соодветно обработени теми и со многу квалитетна дискусија“.
„Добро е што постојат можности за вакви средби, кои треба да продолжат и во иднина“.
„Високото образование треба да е засновано на вакви едукативни принципи кои ќе внесуваат практични сегменти. Присуствувавме на одлична обука која ќе биде од голема корист во нашето практично работење“.
„Сè беше во ред. Го повторивме знаењето за прописите за градбите и се информиравме за многу дополнителни новини“.
„Многу корисна обука“.
„Забелешките дадени на обуката да се земат предвид при донесување измени на Законот за градење“.
„Имаше одлична комуникација на обуката“.
„Предавачот беше одлично подготвен и добро го пренесе своето знаење“.
„Организацијата на обуката беше добра. Целта на обуката беше исполнета, а временскиот распоред на предавањата беше соодветен“.