/ Прочитано:

1.612

СЈО: Поднесена жалба против решението за издвојување на доказите

fotografija

Основниот суд Скопје 1 Скопје, постапувајќи по повод обвинителниот предлог на СЈО за насилството во Општина Центар, донесе решение за издвојување на дел од доказите предложени од ова јавно обвинителство.

„Ја известуваме јавноста дека денес до Апелациониот суд Скопје е поднесена жалба на ваквото решение на Судот поради суштествена повреда на одредбите од Законот за кривична постапка“, стои во соопштението на СЈО.