/ Прочитано:

1.226

СЈО спроведува истрага во Батинци

Во моментов не можат да соопштат повеќе информации, освен дека претресот е поврзан со истражната постапка која се води за предметот „Титаник“.

akad 1

Со судски налог, а по барање на Специјалното јавно обвинителство, утрово бил извршен претрес во селото Батинци, потврдуваат од СЈО.

Во моментов не можат да соопштат повеќе информации, освен дека претресот е поврзан со истражната постапка која се води за предметот „Титаник“.

Специјалното јавно обвинителство во февруари објави дека го отвора првиот предмет кој се однесува на изборните нерегуларности, а во кој беа опфатени и поранешни високи владини функционери.