/ Прочитано:

1.577

СОБРАНИЕ: Јусуфи е предложен за член на Советот на јавни обвинители, а Кизов за член на Судскиот совет

Изборот на член на Советот на јавни обвинители се врши бидејќи во јуни оваа година му истекол мандатот на членот Дилавер Бектеши. Новиот предлог за член, Меџит Јусуфи, е дипломиран правник. Тој во моментов ја извршува функцијата раководител на Секторот за правни работи во Општина Зајас. Јусуфи е роден 1978 година. За член на Судскиот совет е предложен Костадин Кизов. Тој треба да дојде на местото на Бранко Ушковски, член и поранешен претседател на Советот, чиј мандат истече во април годинава.

Судски совет на РМ, табла

Комисијата за прашања на изборите и именувањата денеска ги утврди предлозите за членови на Советот на јавни обвинители и на Судскиот совет, кои се избираат од страна на Собранието на РМ.

За член на Советот на јавни обвинители Собранието го предлага Меџит Јусуфи, додека за член на Судскиот совет – Костадин Кизов.

Изборот на член на Советот на јавни обвинители се врши бидејќи во јуни оваа година му истекол мандатот на членот Дилавер Бектеши. Новиот предлог за член, Меџит Јусуфи, е дипломиран правник. Тој во моментов ја извршува функцијата раководител на Секторот за правни работи во Општина Зајас. Јусуфи е роден 1978 година.

За член на Судскиот совет е предложен Костадин Кизов. Тој треба да дојде на местото на Бранко Ушковски, член и поранешен претседател на Советот, чиј мандат истече во април годинава.

Кизов доаѓа од Советот на јавните обвинители каде што е член, а беше и претседател.

Според Законот за Советот на јавните обвинители, тројца членови на Советот се избираат од страна на Собранието на Република Македонија, од редот на универзитетските професори по право, адвокатите и други истакнати правници, од кои двајца се припадници на заедниците што не се мнозинство во Република Македонија.

Според Законот за  Судскиот совет, тројца членови на Советот избира Собранието на Република Македонија со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници, при што мора да има мнозинство гласови од вкупниот број пратеници кои им припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство во Република Македонија.

М. С.