/ Прочитано:

1.405

Собранието ќе избира член на Советот на јавни обвинители

Во предлогот е наведено дека Исаку е дипломиран правник со положен правосуден испит, а на местото член на Советот на јавни обвинители ќе седне од 1 мај 2016 година.

sobranie akademik.mk

Одлуката за избор на Арбен Исаку за член на Советот на јавни обвинители денеска се наоѓа на пленарна седница пред пратениците на Собранието на Република Македонија.

Во предлогот е наведено дека Исаку е дипломиран правник со положен правосуден испит, а на местото член на Советот на јавни обвинители ќе седне од 1 мај 2016 година.

Одлуката е поддржана од страна на членовите на Комисијата за прашања на изборите и именувањата на Собранието на Република Македонија на седница одржана на 8 јануари 2016 година.