/ Прочитано:

884

Соопштение на Централниот регистар за приемот на годишните сметки

 

Централниот регистар информира дека на 27, 28 и 29 февруари и на 16 март годинава ќе врши прием на годишните сметки и финансиските извештаи за 2019 година од 8:00 до 20:00 часот.

Mикро и мали субјекти  што нема да достават годишна сметка во хартиена форма во законскиот рок ќе имаат можност годишната сметка, во согласност со Законот за трговски друштва, да ја поднесат во електронска форма до 16 март 2020 година.

На 27, 28 и 29 февруари и на 16 март 2020 година за самостојните вршители на дејност во Кратово, Демир Хисар и Крушево, каде што Централниот регистар нема свои канцеларии ќе врши прием на годишните сметки во хартиена форма за 2019 година во објектот на Општина Кратово за субјектите од Кратово, во објектот на Општина Демир Хисар за субјектите од Демир Хисар и во објектот на „Уни банка“ за субјектите од Крушево.

Централниот регистар ги информира самостојните вршители на дејност дека билансот на приходи и расходи треба да се достави во согласност со новиот Правилник за формата и содржината на деловните книги, начинот на нивното водење и искажувањето на финансискиот резултат на даночните обврзници што вршат самостојна дејност.